Дваесетгодишно лице, вчера во 13 часот во секторот за внатрешни работи Куманово пријавило дека на патот од село Стрновац кон Старо Нагоричане тој и Н.Ѓ. биле физички нападнати од три лица.
Истиот ден во 23 часот во полицијата и дваесет и седумгодишно лице од село Бајловце, и Б.Р.(29 години) од Куманово пријавиле дека биле физички нападнати од Д.Д. од Куманово и две женски лица, кои притоа употребиле дрвени предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
