Физички нападнат 30-годишен кумановец

Две лица од Куманово викендов претепале сограѓанин. Како што информира МВР, во кумановската полиција било пријавено дека 30-годишен кумановец бил физички нападнат од две лица на возраст од 33 и 36 години. Изготвени биле записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, соопшти МВР.