Околу 150 ученици од основните училишта Крсте Мисирков, Браќа Миладиновци, 11 Октомври и Кочо Рацин денеска беа дел од хуманитарен турнир во кошарка што се одржа во рамките на проектот за промоција на хумани вредности на Црвениот крст. Во останатите активности предвидени со проектот ќе бидат вклучени и ученици од други училишта, информира Југослав Спасиќ, дисеминатор во Црвениот крст за проектот на хумани вредности и професор по физичко образование во основното училиште Крсте Мисирков.