Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово веднаш по добиеното сознание го посети опожарениот дом на семејството Стефановски, направи увид и превзема активности за помош и поддршка.
Во соработка со Интернатот Проф.Мијалковиќ понудено е интервентно сместување на самохраниот родител, неговата вонбрачна сопруга и неговото дете – лице со посебни потреби над 26 годишна возраст.
Согласно законските можности на Момчило му се дадени совети како невработено лице да поднесе барање за добивање на социјална парична помош, како и еднократна парична помош.
Семејството користи додаток за нега од трето лице за неговиот син кој е лице со посебни потреби.