Пристигна првата помош за семејството Станковски , по објавувањето на животната приказна на самохраната мајка со десетгодишна ќерка на ТВ Плус. Општинската организација на Црвениот крст од Куманово денеска донираше пакети со храна, хигиенски средства, облека, а како што посочија , ќе се трудат во рамките на своите можности повторно да им помогнат .
-По објавувањето на прилогот на вашиот медуим ние веднаш се упативме првично еднократно да му помогнеме на ова семејство во рамките на нашите можности, а ќе се трудиме и понатаму да излеземе в пресрет. Ние помагаме на сите социјално загрозени семејства и се надевам дека успеваме во тоа, изјави Раде Ристиќ, ОО на Црвен крст, Куманово
За Сузана и нејзиното чедо секаква помош е добредојдена. Благодарна е што црвениот крст веднаш реагирал на нејзиниот апел за помош од сите хумани граѓани, институции, бизнис заедницата, невладини здруженија.
-Благодарна сум на црвениот крст што веднаш дојдоа да ми помогнат и уште еднаш упатувам апел до сите хумани граѓани, приватниот сектор и невладини организации доколку се во можност да ми помогнат , изјави Сузана Станковска, самохрана мајка
Како што објавивме вчера, 43 годишната сузана и нејзината ќерка живеат без струја и вода во дом кој што не е во нивна сопственост и во секој момент може да останат без покрив над главата. Единствениот приход им е семејната пензија од 6.000 денари што ја прима девојчето по загинувањето на нејзиниот татко , како градежен работник при изградбата на спомен куќата на Тоше Проески во Крушево. Од тие пари, секој месец по 1.000 денари одат на сметка на центарот за социјални работи. Сузана е невработена, освен помош од хуманите граѓани бара и вработување.
