Општинската организација на Црвен крст Куманово периодов реализираше собирни акции за прехранбени производи во неколку основни и средни училишта во рамките на одбележувањето на Неделата на борба против гладта.
Акциите се реализираа во ОСТУ „Наце Буѓони“, ООУ„Кочо Рацин“, ООУ „Христијан Карпош“ и ООУ „Бајрам Шабани“, каде што учениците активно се вклучија со донирање на различни прехранбени производи.
„Собраните производи ќе бидат сортирани и спакувани во хуманитарни пакети, кои во наредниот период ќе бидат дистрибуирани до социјално загрозени семејства на територијата на Куманово и околината. Со оваа активност уште еднаш се потврди дека хуманоста не познава години и дека преку заедничка акција можеме да направиме значајна промена во заедницата“, соопштија од Црвен крст Куманово.
