Црвен крст со флаери за превенција од КОВИД-19

Волонтерите од општината организација на Црвениот крст изминатите денови поделија 500 информативни флаери за заштита од Ковид 19 во образовните институции со цел да се информираат учениците како да одржуваат лична хигиена, практикување на носење на маски и одржување физичко растојание.

Промотивните флаерите беа поделени во сите основни и средни училишта на Општина Куманово.