Четири години и десет месеци ќе одлежи 60- годишниот државјанин на Република Бугарија кој што измами 60 -годишна кумановка за 30.000 евра, одлучил денеска Основниот суд Куманово.
Осудениот е прогласен за виновен за едно кривично дело „ измама“.
Максималната казна за ова дело е пет години.
