Четири лица повредени во сообраќајка кај Ругинце

Вкупно четири лица се повредени во вчерашната сообраќајна незгода која се случила околу 10:15 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кај месноста викана „Чешмиче“ во атарот на селото Ругинце.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило марка „Рено Меган“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа од Крива Паланка, управувано од 52- годишен И.С.од Крива Паланка и патничко возило „Тојота Рав-4“ со косовска национална ознака, управувано од Ш.С. (52) од Косово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по незгодата, И.С. и Ш.С., како и сопатниците од патничкото возило „Рено Меган“, С.С. (46) и А.С. (19) двете од Крива Паланка, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар Куманово.

Кај И.С. и С.С. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај А.С. биле констатирани полесни телесни повреди. По укажаната лекарска помош, сите тројца, поради карактерот на повредите биле упатени во Ургентен центар Скопје.

Кај Ш.С. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Поради сообраќајната незгода патниот рпавец Куманово – Крива Паланка беше во прекин во двете насоки.

Увид на местото на несреќата извршиле увидни екипи на СВР Куманово по што ќе се утврдуваат причините за настанување на несреќата.

Токму месноста „Чешмиче“  е локацијата на која минатата недела животот го загуби 26-годишен кумановец.

Коментари

коментар(и)