„Чистота и зеленило“ денеска не го изнесе сметот

Камионите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ утринава не излегоа да го соберат сметот низ градот, поради неисплатени месечни примања. Изреволтирани, вработените не сакаа да работат, ниту да зборуваат пред камера.

Велат дека им доцни платата и дека немаат пари за храна и лекови, побараа веднаш да се реши проблемот во спротивно нема да го собираат сметот.

Попладнево на прес конференција директорот Сашо Петрушевски ги образложи причините за доцнење со месечните примања на своите вработени, а за тоа директно ја обвини Управата за јавни приходи која веќе некое време ја има блокирано сметката на ЈП „Чистота и зеленило“ поради долг стар над 10 години, а кој според Петрушевски е фиктички и се насобрал поради енормна камата.

Вината е кај некои други претходници, меѓутоа вината која не знам каде е ќе ја бараме по судски пат и гревовите од некои други ги трпиме ние, пред се вработените бидјеќи да точно е до 31ви не успеавме да дадеме плата бидејќи сме блокирани поради оваа цела постапка, ни дадоа МПИН, решение со кое може да земеме плата во петок, но до денес нема разрешница до банка да испратат писмо за да нашата плата помине, бидејќи наводно немале право да дадат писмо – вели Петрушевски.

Доколку не се разрешат проблемите во интерес на претпријатието, тогаш нема да има закопувања на починати, нема да се изнесува смет и ќе дојде до еколошка криза во градот.

Ние редовно исплаќаме плати, ова е прв пат после осум години ние изразено со бројки, за 8 години сме земале редовна месечна плата, а прв пат поради блокада од УЈП не сме во можност да ја исплатиме платата. Моментот кога ќе ни дозволат да го реализираме овој МПИН ние ќе дадеме плата. Немаме никаков активен долг кон УЈП, бидејќи сите долгови кои биле активни се расчистени, должиме само последна месечна сметка која е редовна и ако не одблокираат ќе ја платиме веднаш меѓутоа се работи за некој фиктивен долг и не ми е познато како на 21 милион дол израчунале 36 милиони камата – изјави Петрушевски.

Менаџерскиот тим утре има закажана средба во Управата за јавни приходи каде треба да се изнајдат решенија за настанатиот проблем, кој може да го втурне градот во еколошка катастрофа.

Коментари

коментар(и)