Членовите на Левица го проектираа филмот „Шивачки“

Локалниот огранок на Левица од Куманово вчеравечер во своите партиски простории го проектираше филмот краткометражниот документарен филм „Шивачки“ кој зборува за животот на работничките во текстилната индустрија во Македонија.

Како што вели Никола Крстевски од Левица, законите многу не важат за оваа категорија работнички во државата, а за тоа како што вели се виновни инспекциите, но и слабата синдикатска организираност.

Станува збор за документарен филм каде неколку работнички од текстилната индустрија ја кажуваат својата животна приказна, додека од друга страна има еден сопственик исто така на една текстилна фирма кој од негов аспект зборува за проблемите и начинот на производство во текстилната индустрија.Во Куманово претежно живее работничко население, а како што знаеме работните услови се на минимално ниво, ваквите настани ги организираме со цел да се подигне свеста кај граѓаните за рушењето на работничките права, но многу побитно за да се подигне класната свест кај самите работници – изјави Крстевски.

Филмот е снимен од страна на режисерката Билјана Гарванлиева која почина минатата година, а за истиот ја освои наградата „Срце на Сараево“ на филмскиот фестивал во Босна и Херцеговина во 2010 година, во конкуренција на 17 документарни филмови.

Коментари

коментар(и)