Шаини бара итно да биде откриен сторителот

Носителот на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, д-р Зеќирија Шаини, на местото каде што беше застрелан на 07 октомври годинава, денеска одржа прес-конференција и ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата дека зад неговиот обид за убиство стои неговата сопруга.

Тој кажа дека нема информација и сознанија за „мотивите за атентатот“ и е подготвен за соработка за целосна разрешница на случајот.

Шаини истакна дека по информациите пренесени од органите, преку социјалните мрежи и медиуми, чуствува морална и професионална обврска, јавно да реагира и да ја информира јавноста.