Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на КОВИД-19. Од нив шестмина се од Куманово.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 4.817, а во Куманово активни се 100 лица.
