Шестотини нови полициски службеници ќе вработува МВР

Министерството за внатрешни работи распиша оглас за вработување на 600 нови полициски службеници. Од вкупниот број предвидени вработувања, 15 се за Секторот за внатрешни работи Куманово.

Најмногу полицајци ќе бидат вработени во Скопје –  300, 40 во Струмица, 45 во Штип, 30 во Охрид, а се бараат и 50 за специјалната полиција.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– да е државјанин на Република Северна Македонија;

– да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;

– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;

– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од     вработување на кандидатот;

– да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;

– да е здравствено и психофизички способен;

– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност  или должност;

– да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и

– да има положено тест за интегритет.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

– потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)

– висока лична физичка подготвеност.

 

Коментари

коментар(и)