Јавен повик за изнајмување на продажен штанд за „Новогодишно – Божиќен базар“

По повод новогодишните и божиќните празници, Регионалната занаетчиска комора – Куманово, во соработка со Општина Куманово ги известува сите заинтересирани правни и физички лица за можноста за изнајмување продажен штанд на претходно утврдена и одобрена локација.

Локација: Градски плоштад „Нова Југославија“, центар на градот

Период на настанот: 15.12.2025 – 10.01.2026 година

Цел на настанот: промоција на бизниси и локални производи, развој на економијата и културата, промоција на занаетчиството, поттикнување на одржлив економски развој, создавање позитивно новогодишно расположение кај граѓаните.

Поставени ќе бидат 13 (тринаесет) дрвени штандови.

Критериуми за избор: тематска усогласеност со новогодишниот и божиќниот дух, квалитет, оригиналност и безбедност на производите.

Штандовите мора да се користат во согласност со времетраењето на настанот – секој ден во периодот од 15.12.2025 до 10.01.2026 година, во временски интервал од 10:00 до 22:00 часот (или во согласност со официјално утврдениот работен термин).

Штандовите се наменети исклучиво за промоција и продажба на локални производи и услуги, во духот на новогодишно-божиќната тематика.