Општина Куманово објави јавен повик за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2025 година.
Финансиската рамка за доделени средства преку овој јавен повик ќе биде дефинирана со донесување на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година определен за Програмата за културни манифестации за 2025 година, информира раководителот на Секторот за култура, спорт, детска и здравствена заштита Александар Крстевски.
