ЈП „Чистота и зеленило“ со загуба од два и пол милиони денари

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ бележи загуба од два и пол милиони денари во периодот од април до крајот на јуни годинава. Загубата се должи, пред се на зголемените трошоци по основ на исплатени повисоки плати на вработените, информираше директорот Ненад Стојановски, на последната седница на Советот.

Стојановски најави зголемување на цените за гробарина, но и за останатите услуги кои ги пружа комуналното претпријатие, како што се таксите во делот на услугата зеленило. Граѓаните од минатата година плаќаат и повисоки сметки за собирање и изнесување на смет по квадратура.

Директорот побара и согласност за 56 вработувања во претпријатието, нагласувајќи дека се планира функционална анализа и нова систематизација на работните места, унапредувања, со цел пружање на квалитетна и навремена услуга на граѓаните.

Повеќе информации од изјавата на Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во вестите во 18 и 22 часот.

Следете не!