Ќе го доведе ли УЈП градот до еколошка катастрофа?

Со решение за присилна наплата од страна на Управата за јавни приходи веќе десет дена е блокирано Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ , поради репрограмиран долг од 21 милион денари, како и камата од 37 милиони денари.

Ваквата одлука го доведува во прашање функционирањето на оваа јавно претпријатие, а менаџерскиот тим на чело со директорот Сашо Петрушевски вели дека ова е селективно постапување од страна на управата кое ќе го доведе во прашање изнесувањето на сметот, погребувањето на починатите и ќе направи еколошка катастрофа во градот.

Селективноста на оваа одлука на УЈП и покрај тоа што се обративме до нив, баравме решение како да го испалтиме долгот, бидејќи се работи за долг постар од деестина до 15 години каде јавно претпријатие за активниот долг има исплатено за овие пет години 23.625.000 денари кон УЈП и редовниот долг го сервисира месечно, немаме никаков активен долг. Овој долг од репрограма кој Владата на Република Македонија е донесен во 2010 година на 10 години со тоа што уште трае периодот на репрограмирање, но затоа што не сме платиле рата го скинаа репрограмот и рачунаат камата на целиот програм, што ние како јавно претпријатие поведовме управен спор – рече Петрушевски.

Според менаџерксиот тим се чека решение од управниот спор за судската постапка која УЈП ја има кон претпријатието од 2007 година за износ од 45 милиони денари. Одлуката за репрограм требало да го прекине спорот, но од непознати причини судската постапка се утше е активна.

Им нудевме разноразни решенија по било кој основ за да може јавното претпријатие да функционира нормално, не наидовме на никакво разбирање, тука се луѓе од УЈП попишуваат и долгови од фирми кои должат на јавното претпријатие, значи една оркестрирана работа од УЈП и Министерството за финансии со цел да се нанесе штета на јавното претпријатие и на Општина Куманово – додава Петрушевски.

Како што посочи првиот човек на општината Зоран Дамјановски ова е оркестирано од институции под контрола на кадри од партијата во заминување со цел да се направи криза во градот.

Нашите усилби беа да ги замолиме органите на третата власт, тоа е сдускиот систем да ни дозволи барем процес на задолжителна резерва кој го користиме во вакви прилики за обавување на витални функции, бидејќи знаете оваа претпријатие обавува функции од витални, здравствени и хигиенски функции во градот. Не добивме позитивен одговор, одиме на втора дистанца, ќе се бориме максимално со сите расположливи средства да дојдеме до реална завршница. Апелирам до совества на сите релевантни фактори, пред се до судската власт да направат напори градот да го добие она што го заслужува, барем законска норма за задолжителна резерва со што ќе сме во функција до конечна разрешница на политичката сцена – рече Дамјановски.

Според градоначалникот, додека нема разрешница на политичка криза ќе нема нормализација на овие процеси. Ги замоли граѓаните за разбирање, а менаџерскиот тим ќе се бори Куманово да не ја доживее еколошката хаварија како во изминатите 10 години.

Коментари

коментар(и)