Општина Куманово објави повик за избор на компании за санација на четири училишни згради во четири села. Ќе се избираат фирма за реконструкција на подовите и санитариите во училишната зграда на ОУ „Кирил и Методиј“ во село Романовце, ќе се менува кровот во подрачното училиште „11 Октомври“ во село Речица.
Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња ќе се реконструира тамошното подрачно училиште, а во ОУ „Кочо Рацин“ ќе се санира кровот и ќе се менува фасадата.
