13 новозаболени, четири лица оздравени и еден смртен случај бележи ковид статистиката за Куманово во текот на изминатото деноноќие.
На ниво на државата, во последните 24 часа регистрирани се 396 нови случаи на Ковид-19, починати 14 лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се четири починати лица со датум на смрт од 17 до 25 декември. годинава.
Бројот на активни случаи во државата изнесува 4.971, а во Куманово – 111.
