Пластичните кеси, од 1 декември оваа година, во маркетите ќе се наплаќаат по 15 денари. На седница на Собранието се усвоени законите за управување со отпад, отпад од пакување, дополнителни текови на отпад и за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.
Според новите закони, покрај другите промени, од 1 декември година пластичните ќеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.