Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 1.197 нови случаи на Ковид-19, од нив 18 во Куманово. Вкупната бројка на активни случаи во нашиот град во моментов изнесува 109, а од почетокот на епидемијата заболени се 13.187 граѓани на Куманово.
Инаку, во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје направени се и анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2.
Од вкупниот број тестирани, 24 примероци, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци.
Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани.
Регистрирани се и 366 оздравени лица, а во текот на изминатите 24 часа евидентирани се 12 починати лица.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5.667, информираат од министерството за здравство.
