Нови 65 случаи на ковид -19 во Куманово, а 1.822 на ниво на државата регистрира министерството за здравство во изминатото деноноќие. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 173 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа починале три лица во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, на возраст од 61 години до 85 години.
Од вкупно 668 оздравени пациенти, 14 се од Куманово.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.478.
