Блокотехна повторно „клекна“ во Куманово

Блокотехна повторно „клекна“ во Куманово

Кошаркарите на Куманово го совладаа составот на Блокотехна во рамките на 9. коло од Суперлигата. Со резултат 89:83 двата клуба прикажаа вистинско кошаркарско шоу за љубителите на овој спорт.
Куманово имаше одличен старт, во првата четвртина успеа да постигне 31 поен за разлика од 20 поени кои ги впиша гостинската екипа од Гевгелија.
Сепак Блокотехна не остави работите да течат така едноставно за домашниот состав. Се вратија во форма па ја добија втората четвртина со два поени…

Read More

Низа акивности на атлетичарите

Низа учества на домашни и меѓународни натпревари во изминатиот период имаа атлетичарите на Куманово преку кои го зголемија фондот на освоени медали и награди.
Од почетокот на годината започнаа нивните активности и тоа во соседна Бугарија каде имаа подготовки, а Милан Вељковиќ заедно со репрезентацијата го продолжи својот престој во Софија на дополнителни тренинзи и натпревари. Голем дел од членовите на Атлетски клуб Куманово остварија и учество во националнаа репрезентација.
– Нашите атлетичари изборија учество во репрезентација,…

Read More

Меѓународна трка во планински велосипедизам

Меѓународна трка во планински велосипедизам

Заврши трката на која учествуваа педесетина професионални велосипедисти од Македонија и Србија, а која денеска се одржа на патека на локалитетот Студена вода во Куманово.
Натпреварувањето беше во организација на велосипедскиот планински клуб „Оксиџен“ од Скопје, а велосипедистите се натперваруваа во повеќе категории.
– Натпреварот е во рамките на националната велосипедска лига за бодови за кои се борат најдобрите велосипедисти во Македонија. Се настапува во сите категории мастер и елите мажи и жени, јуниори и кадети. За…

Read More

ЖРК Куманово убедливо против Овче Поле

ЖРК Куманово убедливо против Овче Поле

Ракометарките на Куманово остварија удлива победа против составот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе во рамките на 21 коло од Женската ракометна лига на Македонија.
Кумановки имаа имрсивно прво полувреме во кое ја билдаа својата резултатска предност над домаќинот и веќе по истекот на првиот дел од мечот со резултат 20:6 беше јасно дека натпреварот го имат добиено.
Второто полувреме го изиграа рутински и без преголем напор, константно ја одржуваа резултатската предност над ракометарките на Овче…

Read More

КК Куманово поразен од МЗТ

КК Куманово поразен од МЗТ

Кошаркарите на Куманово претрпеа пораз во првото коло од плеј-офот во домашниот шампионат, откако на гостински терен викендов беа совладани од составот на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 81:79.
Израмнета прва четвртина прикажаа и гостинскиот и домашниот состав, желбата за победа на Куманово и МЗТ беше преголема па за само 10 минути на паркетот резултатот беше 29:27 во корист на „штрковите“ од аеродром.
Вториот период беше во корист на гостинскиот состав. Куманово имаше пефектна втора четвртина, па…

Read More

Кумановската Гимназија ги демантира написите за наводен секс скандал во училиштето

Кумановската Гимназија ги демантира написите за наводен секс скандал во училиштето

По објавениот текст дека на интернет се појавиле порнографски фотографии од малолетни ученички од Гимназијата „Гоце Делчев“ и дека директорката ги советувала учениците да го избришат материјалот за да го сочува своето работно место, денеска реагираат од кумановското училиште.
Бидејќи не успеале да добијат контакт од сајтот Доказ.мк кој ја објави веста, демантот го испратија до локалните медиуми со цел јавноста да ја запознаат со вистината за случајот.
„Почитувани, по објавениот напис ,,Секс скандал во кумановската гимназија…

Read More

Куманово го пречекува Гостивар, Караџовски заминува

Куманово го пречекува Гостивар, Караџовски заминува

Кошаркарите на Куманово со мечот против Гостивар утре на домашен терен ќе го завршат последното 22. коло до домашниот шампионат.
Двата тима ќе се борат за четвртото место на табелата, иако веќе и двете екипи имаат сигурен пласман во плеј оф завршницата од сезоната каде ќе се најдат првите шест рангирани по одиграните 22 натпревари.
Натпреварот започнува во 19 часот во Спортската сала Куманово.
Екипата на Куманово моментално е на петтата позиција, додека на четвртата со ист број…

Read More

Оштетена урбана опрема низ градот

Оштетена урбана опрема низ градот

Комуналната опрема на повеќе локации низ централното градско подрачје во Куманово изминатите денови константно се уништува од несовесните граѓани.
Оштетен е семафор на влезот на градот, кај противпожарната служба, а оштетувања има и на повеќе сообраќајни знаци. Последните вандалски активности се од викендов, кога беа оштетени јавни тоалети лоцаирани на Градскиот кеј.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека несовесните граѓани дивеат со своите автомобили по улиците и на тој начин го загрозуваат сообраќајот, но и…

Read More

Пионерскиот дом никако да стане градинка

Пионерскиот дом никако да стане градинка

Повеќе од половина година Пионерскиот дом во Куманово никако да стане детска градинка. Првично како датум кога овој објект требаше да прими 85 дечиња бше 20 септември, но роковите беа пробиени.
Градежните активности започнаа на 4. август 2017 година, кога министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го посети Куманово и со дваесетина локални функционери го промовираше проектот вреден 3,5 милиони денари. Царовска втората половина на септември 2017 година го означи како датум кога треба…

Read More

7. седница на Советот на Општина Куманово

7. седница на Советот на Општина Куманово

Општина Куманово во среда ќе ја одржи седмата седница на Советот на која ќе расправаат по 29 точки на дневниот ред.
Седницата ќе започне со годишниот извештај на Јавната образовна установа Библиотека „Тане Георгиевски“ за изминатата година, по што ќе следуваат и финансиските извештаи на приходите и расходите на оваа институција.
Пред советниците ќе се најдат и извештај за финансиското работење на ЈП „Куманово – гас“ за последните три месеци од 2017. година, а воедно ќе се…

Read More
1 3 4 5 6 7 27