Протест на „Шарената Револуција“

Протест на „Шарената Револуција“

Пред зградата на поранешен Комитет, вчера граѓаните повторно се собраа со цел да и дадат подршка на „Шарената Револуција“. Граѓаните  на симболичен начин со боите од „Шарената Револуција“ ги обоија жардиниерите кои што се наоѓаат на тротоарот, што претставуваше мирен начин да се изрази револтот против владеачките партии и начинот на разрешувањето на политичката криза. Граѓаните порачаа дека нема да се откажат и да се повлечат од нивните барања кои што ги презентираа на претходните…

Read More

Заврши пингпонгарската сезона 2015/16

Заврши пингпонгарската сезона 2015/16

На последниот меѓународен пинг понг турнир сезонава „Борче Кикиритков“ кој што се одржа во Штип организиран од Пинг – Понгарската Федерација на Република Македонија,  Ива Димитриевска од клубот „Куманово“ го освои првото место во категорија на јуниорки. Покрај Димитриевска на турнирот со солидни резултати се претстави и Ива Ефтимска која што во категорија на јуниорки го освои шестото место. Пингпонгарскиот клуб Куманово веќе со години има одлични натпреварувачи во женска конкуренција, а Димитриевска со последната…

Read More

Прв Street workout натпревар во Македонија

Прв Street workout натпревар во Македонија

Првиот Street workout натпревар во Македонија организиран од клубот Бар Гладијаторс кој што се одржа вчера во арената во паркот помеѓу зградите во близина на средното училиште „Перо Наков“ ги задржа сите стандарди на врвно меѓународно натпреварување. Организацијата беше на високо ниво, а посебен квалитет на самиот натпревар му дадоа и големиот број на  натпреварувачи кои што дојдоа од соседните земји, но и оние од државата. На турнирот настапија натпреварувачи кои се меѓу најдобрите од…

Read More

Последен ден од естерниод дел на матурата

Последен ден од естерниод дел на матурата

Во просториите на Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска гимназијалците го полагаа третиот предмет  од државната матурата со што го завршија циклусот од полагање на предмети од екстерниот дел. Во училиштата се полагаа општо образовни предмети кои што средношколците ги избираат во зависност од тоа кои се нивните амбиции и желби за продолжување на високото образование. Во зависност од тоа дали учениците имаат амбиција за продолжување на образованието на техничките факултети избираат предмети како што се хемија…

Read More

ЖРК Куманово се избори за пласман во Европа

ЖРК Куманово се избори за пласман во Европа

ЖРК Куманово сезонава што измина се покажа во одлично светло во македонската Супер лига, жени и го освои високото четврто место така што успеа да се пласира во европските купови. Екипата составена од ракометарки кои што потекнуваат од младинските селекции на клубот покажа солидна игра и ги надмина конкурентите за посакуваната четвртата позиција, а исто така покажа и солиден отпор против тимовите кои што се наоѓаат на врвот на табелата и константно играат меѓународни натпревари….

Read More

Започнуваат последните подготовки за Параолимпијада

Започнуваат последните подготовки за Параолимпијада

Кумановецот Бранимир Јовановски кој го има освоено првиот златен медал по осамостојување на Македонија во стрелаштво на параолимписките игри во Барцелона 1992 година, заедно со својот тим од двајца натпреварувачи започнува со последните подготовки за параолимписките игри во Рио. Јовановски како тренер по стрелаштво досега на Параолимписките игри има големи успеси со натпреварувачите Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска – Бикова. Каранфилов се има закитено со сребрен медал на Параолимписките игри во Атина 2004 година, а…

Read More

Атлетскиот клуб „Куманово“ со нов државен рекорд

Атлетскиот клуб „Куманово“ со нов државен рекорд

Атлетичарите од атлетскиот клуб „Куманово“ продолжуваат со одличните резултати на државните и на меѓународните натпревари. На пионерското првенство кое што се одржа вчера во Скопје голем број од младите атлетичари од клубот се закитија со медали и ги оправдаа фаворитските улоги во нивните дисциплини, а повозрасните кои што се натпреваруваа вон конкуренција ги потврдија своите квалитети и доминацијата во македонската атлетика. Од клубот посочија дека покрај тоа што повозрасните атлетичари имаат одлични настапи на државно…

Read More

Матурантите полагаа математика

Матурантите полагаа математика

Во средните училишта Гимназија „Гоце Делчев“ и „Перо Наков“ денеска средношколците го полагаа вториот предмет од државната матура, математика. Од училиштата посочија дека уште од декември матурантите кои што се пријавени за полагање на овој предмет имале доволно време да се подготват. Математика денеска полагаа 194 ученици, а надлежните посочија дека сите ученици се појавиле на успитот. Од училиштата истакнаа дека бројот на кандидатите кои што се пријавиле е задоволителен, а се надеваат дека учениците…

Read More

Заврши сезоната во фудбалските лиги

Заврши сезоната во фудбалските лиги

Со завршување на сезоната во фубалските лиги се сумираат постигнатите резултати. Единствениот третолигаш од градот ФК Гоблен иако го освои првото место во третата лига север во бараж натпреварите не успеа да се пласира во втората лига. ЖФК Речица оваа година со големиот број на повреди во екипата и со млади играчи остана во втората половина на женската македонска прва лига. Од клубовите кои што се натпреваруваат во Футсал лигите, КМФ Илирет Куманово остана во…

Read More

Промоција на книга „Светлината од Назарет“

Промоција на книга „Светлината од Назарет“

Во Центарот за култура вчера се одржа промоција на третата книга на Јовица Ивановски, „Светлината од Назарет“. Ова е втора прозна книга по ред по првата „Монолог на небото“ која што беше објавена 2013 година. Ивановски дебитира на македонската литературна сцена со збирка поезија која што е објавена 1995 година. Прозната книга „Светлината од Назарет“ се одликува со стилот кој што авторот го негува во текот на целото негово творештво. Прозниот наратив има поголема романескна…

Read More
1 2 3 4