Пуштен во употреба новиот салон на Македонски Телеком

Реновираната продавница на Македонски Телеком на градскиот плоштад во Куманово, денеска, беше пуштена во употреба. По тој повод имаше најразлични подароци, изненадувања и поволности за корисниците на нивните услуги. Со обновувањето, во самата продавница е внесен модерен и атрактивен изглед, којшто овозможува интерактивен пристап при што производите се приближваат до самите корисници и ја олеснуваат услугата за вработените.
– Исто така што сакам да го напоменам и што особено сум горд е што во самата продавница…

Read More

Прво автомобилско шоу во Куманово

Околу 190 автомобили беа презентирани на вчерашното автомобилско шоу, кое за прв пат го организира „Кар клуб Куманово“, пред спортската сала. Оттаму велат дека автомобилските презентации на кои присуствувале низ Македонија им служеле како поттик да организираат таков собир и во Куманово, а би сакале и да стане традиција, со тоа што ќе се промовираат љубителите на андреналинот и автомобилите. Освен презентирање на нивните возила, учесниците се натпреваруваа и во неколку категории.
– Ќе има натпреварување…

Read More

Во Куманово повеќе бракови отколку разводи

Според податоците од Државниот завод за статистика, бројката на склучени бракови на ниво на Општина Куманово во второто тримесечие од годината е зголемена, додека бројката на разводи бележи значителен пад. Во првото тримесечие на 2015 година биле склучени 126 бракови, а евидентирани се 18 разводи. Додека во месеците април, мај и јуни склучени се 222 нови бракови, а регистрирани се 13 разводи.
Само за споредба, во Општина Липково, бројката на нови бракови е зголемена скоро за три пати,…

Read More

Спомен – куќата на Карпош доделена на Музеј Куманово

Спомен – куќата на народниот херој, Христијан Тодоровски – Карпош, во Куманово е доделена на користење на Н.У. Музеј Куманово. Оваа одлука беше изгласана на 40-та сединца на Советот на Општина Куманово. Директорката на Музејот, Анита Цветановска, истакна дека веќе е подготвен проект со елаборат, преку кој се надева дека ќе се привлече поголем број на посетители. Проектот е влезен во програмата за 2016-та година на Министерството за култура на Република Македонија.
– Ќе биде презентирана…

Read More

Фото клуб „Куманово“ организира бесплатен курс по фотографија

Фото клуб „Куманово“, трета година по ред, организира бесплатен курс за уметничка фотографија. Можат да се пријават сите граѓани коишто се заинтересирани за уметничка фотографија, без разлика на годините. Не постои ограничен број на кандидати, а целта, како што велат од клубот, е да се прошири фотографската дејност во Куманово и сите граѓани да добијат можност да ги развијат нивните фотографски вештини.
– Отворена е поканата за сите граѓани. Првин ќе има учење за историјата на…

Read More

Дождот не го спречи Тамбурашкиот фестивал

Временските неприлики беа причината поради која единаесеттиот меѓународен Тамбурашки фестивал во Куманово започна еден час подоцна. Дождот се појави околу 8 часот и 30 минути, токму кога беше предвидено свеченото отворање на фестивалот, но тоа не беше доволно голема причина за кумановци да си заминат дома. Тие со чадори в рака, скриени под стреи, со нетрпение чекаа дождот да престане за да можат да уживаат во звукот на тамбурите. Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски,…

Read More

„Кумановски акцијаши“ ќе изградат парк во Бедиње

Здружението за волонтерска работа, „Кумановски акцијаши“, ќе го уредува дворното место пред нивното седиште во населба Бедиње. Имено, зелената површина, којашто се наоѓа пред нивните простории, зафаќа простор од 350 метри квадратни. Од здружението планираат на овој простор да изградат парк, којшто ќе им служи за одмор и рекреација на сите граѓани кои тука поминуваат. Инаку здружението брои вкупно 100 членови кои во групи ќе работат при уредување на просторот.
-Со оглед дека сите сме во…

Read More

Сообраќајна поука за возачи со полесни прекршоци

Триесетина пешаци и мотоциклисти, кои направиле полесни прекршоци во сообраќајот, денеска учествуваа на седумнаесеттата поука за 2015 година. Тие нема да заработат парична казна за разлика од оние коишто не се отповикале на поканата. Против нив ќе бидат поднесени пријави за поведување прекршочна постапка.
-За возачите ќе се достават покани и ќе се запишат негативни поени, доколку не го сторат, ќе се поднесе соодветно барање. Инаку во текот на 2015 на вакви сообраќајни поуки учествуваа 325…

Read More

Васко Ѓурчиновски назначен за командант на ЗОК

Новиот командант на Здружено оперативната команда, бригадниот генерал, Васко Ѓурчиновски, денеска ја прими должноста од неговиот претходник, Методија Величковски, кој е избран за нов начелник на Генералштабот на АРМ. На денешната свечена церемонија во касарната „Боро Менков“ во Куманово, на примопредавањето на должноста присуствуваше и министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој истакна дека позицијата командант на Здружената оперативна команда е предизвик за припадниците на АРМ, но и поттик за покажување на стекнатите воени вештини.
-Убеден сум дека…

Read More

Се превземаат мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот

Учениците кои следат настава во училишните згради во централното градско подрачје не се безбедни на патот, тврдат родителите. Тие велат дека не се осмелуваат да ги пуштат децата сами да одат на училиште поради тоа што се загрижени за нивната безбедност, а причините за тоа се оштетената патна сигнализација и несовесните возачи. Затоа се обврзани да ги водат и пречекуваат децата.
-Кај сте виделе вие да има полицаец кој го контролира сообраќајот? Никаде. Па како да…

Read More
1 2 3 4 7