Средношколци: Правото на бојкот ни е загарантирано со Устав

Средношколскиот пленум, денеска покрај бојкот на наставата, свика и прес конференција, на која ги објасни деталите околу нивните активности пред кумановските новинари. Претставници од пленумот изјавија дека веќе цела недела, наставата ја бојкотираат ученици од  25 училишта во Република Македонија, а денеска е трет ден како активностите на пленумот се спроведуваат во средните училишта во Куманово. За учениците поприфатливо е да се врати стариот концепт за полагање на државна матура и да се стави екстерното…

Read More

Средношколците продолжија со бојкотирање на наставата

Средношколците од Куманово денеска се приклучија на бојкотот на наставата. Учениците отидоа во училиштата, но наместо да следат настава организираа вонучилишни активности: алтернативни предавања, дебати и објаснување за функционирањето на Средношколскиот пленум. Претстаниците од пленумот велат дека од трите барања што ги доставиле до МОН, само едно било делумно исполнето, поради што инсистираат на средба помеѓу Министерот и нивните претставници со цел да се пронајде решение за новите измени во образовниот систем.
-Вчера имаше состанок на кој присустваа голем дел од средношколците…

Read More

ОУ „Кочо Рацин“ организираше Велигденски базар

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ ја покажаа својата креативност преку изработка на Велигденски декорации и десерти. По подготвување од една недела, училиштето организираше базар на кој децата групирани по одделенија ги презентираа и продаваа своите рачни изработки. Манифестацијата е дел од програмата „Подобрување на соработката помеѓу родителите, учениците и наставниците“ на Министерството за образование.
-Како секоја година, така и оваа година, со цел зајакнување на соработката на родителите, учениците и наставниците, организираме Велигденски базар. Собирање на средства…

Read More

Најпосетени дестинации за Велигден ќе бидат соседните земји

Во пресрет на претстојните празници, кумановци се почесто ги користат слободните денови за одмор и рекреација. Од туристичките агенции во градот велат дека постојат ралични видови на аранжмани, но најпосетувани дестинации се соседните земји: Грција, Бугарија, Албанија и Србија.
-Веќе се во тек продажбите за Велигден и Први мај, претежно се бараат понуди тука поблиску, Бугарија, Грција и, нормално, Македонија, нудат и традиционален ручек и традиционални, да кажеме, манифестации во текот на патувањето, изјави Мери Миновска,…

Read More

Започна новата сезона во кумановскиот театар

Со осум нови вработувања и четири предвидени проекти, започнува новата сеозна во кумановскиот театар. Како што наведе продуцентот, Симона Тоскиќ, годинава, публиката ќе може да проследни двојно поголем број на изведби на сцената на театарот. Таа изјави дека, како и секоја година, две претстави се финансирани од Министерството за култура, додека останатите се од сопствени средства.
-Планираме повеќе претстави од минатата година. Се работи за текстот „Жена од минатото“ во режија на Нела Витошевиќ и потоа…

Read More

Недоволна победа на Куманово за полуфинале во БИБЛ Лигата

КК Куманово не успеја да извојува победа со 13 поени разлика против КК Рилски Спортист од Бугарија. Иако резултатот беше 107-101, тоа не беше доволно за Куманово да си овозможи место во полуфиналето. По реванш натпреварот, кој се одржа вчера во кумановската спортска сала, кошаркарите на Куманово завршуваат со понатамошното натпреварување, а Рилски продолжува да се бори во полуфиналето на БИБЛ Лигата.
Клубот од Самоков го започна мечот со забележителна разлика во однос на Куманово, а…

Read More
1 5 6 7