Со обуки за дефицитарни струки до намалување на невработеноста

Тринаесет невработени лица од социјално ранлива категорија ќе посетуваат петмесечна обука за дефицитарни струки во различни компании. По завршувањето на петмесечниот курс кандидатите полагаат испит и се стекнуваа со сертификат, а потоа ќе бидат вработени шест месеци во фирмата во која се обучувале. Лицата ќе добиваат по пет илјади и петстотини денари месечно додека ја посетуваат обуката. Во проектот освен Куманово вклучени се и општините Старо Нагоричане, Липково и Ранковце. Програмата се имплементира во партнерство…

Read More

Градската библиотека доби 228 нови дела

Библиотеката „Тане Георгиевски“ го збогати книжниот фонд со 228 нови наслови и вкупно 623 новопечатени книги. Набавката е направена по завршувањето на саемот на книгата и се состои од најразлични жанрови.  Застапени се светски бестцелери, македонски и љубовни романи, мемоари,  криминалистика, научна фантастика и сликовници за најмладите. Книгите се на македонски, албански и српски јазик и се наменети за сите читатели.
– Набавката е направена од десетте најреномирани издавачки куќи во Македонија и вредна е речиси…

Read More

Во „Порака Наша“ се учи кројачкиот занает

Во тек е обуката за шиење на машина наменета за лицата со интелектуална попреченост  кои го посетуваат дневниот центар „Порака Наша“ во Куманово. Кројачкиот занает го пренесува волонтерот од центарот за ромска заедница „ДРОМ“,  Демир Исмаилов кој три пати неделно ги посетува корисниците. Од стара гардероба тие изработиле  дизајнирани ташни, а во план се да започнат со креирање и шиење на фустани. Целта на работилницата  е зголемување на степенот на  интелектуални вештини,поголема самостојност  и  интеграција…

Read More

Почнува примената на поливалентни вакцини

Новороденчињата и бебињата од два и пет месечна возраст со само едно боцкање ќе ги добиваат вакцините за дифтерија, тетанус, црна кашлица, детска парализа, жолтица од тип Б, и хемофилус инфлуенца кој предизвикува мененгитис. Сите деца кои веќе се вакцинирани или се на средина од имунизацијата, следните дози на ревакцинации ќе ги добијат со примање на новите поливалентни вакцини.
– Тимовите за имунизација при Здравствен дом Куманово во петокот набавија шествалентни вакцини и веќе од денеска…

Read More

Без вода повеќе локации низ Куманово

Проблемот со водоснабдувањето во Куманово продолжува. Кумановци се револтирани што немаат вода на  овие високи температури додека надлежните претпријатија си ја префрлаат топката. Повеќе од десетина дена жителите на Пчински пат и околните улици немаат вода за пиење. Чешмите во нивните домови секнуваат во текот на денот, а доцна навечер водата доаѓа но притисокот е многу слаб. Велат ноќе дежураат и ја чекаат водата за да ја вклучат машината за перење на алишта и да…

Read More

Зачестените убиства, резултат на агресија и кризата во општеството

Двете убиства кои се случија во последните две недели ги потресоа кумановци и внесоа страв во секојдневното живеење. Се полесно се посега по огнено оружје за расчистување на сметките наместо да се користат цивилизирани форми за решавање на проблемите. Полицијата работи на расветлување на убиствата во Куманово кои се резултат на зголемена агресивност и нарушени општествени вредности. Поради неодамнешните вооружени дејствиа во населбата „Тоде Мендол“ кои ја потресоа пошироката јавност и убиствата кои се случија…

Read More

Медицински екипи вршат дезинфекција на вагони

Центарот за јавно здравје викендов започна со дезинфекција на вагоните во кои се превезуваат мигрантите на железничката станица во Куманово и граничниот премин Табановце. Медицинските екипи секоја вечер дезинфицираат  три до четири вагони со вкупна површина од околу 200 метри квадратни. Здравствените тимови функционираат на повик од страна на вработените во железничкиот сообраќај.
– Со оглед на тоа што бројот на мигрантите е релативно голем се организира превоз кој се врши во најголем дел со железнички…

Read More

Започнаа уписите во средните училишта

Од денеска стартуваше првиот уписниот рок во сите средни училишта во градот кој ќе продолжи и утре. Учениците се најзаинтересирани за Гиманзијата „Гоце Делчев“ каде до 12 часот беа поднесени околу 210 апликации за упис. Денеска најмал интерес има за земјоделското училиште „Киро Бурназ“ каде пријалиле 30 кандидати, но се очекуваат поголем број на ученици во текот на утрешниот ден.
-Доаѓам од ОУ „Кочо Рацин“ и се одлучив за Гимназија бидејќи мислам дека е добро училиште,…

Read More

Показна вежба за укажување прва помош при сообраќајна незгода

Црвениот крст во соработка со СВР Куманово организираше показна вежба на која се симулираше повреда при сообраќајна незгода. Целта е  подигнување на граѓанската свесност за помош при сообраќајна несреќа. Случајни минувачи и возачи со поддршка на волонтерите од Црвениот крст во присуство на полициските службеници им укажуваа прва помош на повредените.
-Општинска организација на црвен крст и СВР Куманово организираат показна вежба за прва помош дали возачите на град Куманово знаат да пружат прва помош на…

Read More

Се спроведе и вториот испит од државната матура

Вториот испит од државната матура, странски јазик  денес се полагаше во сите средни училишта во Куманово. Освен англиски матурантите полагаа руски, француски и германски јазик. Тестирањето започна во 10 часот. Во процесот на реализација на државната матура беа ангажирани  наставници во улога на тестатори и набљудувачи претставници од институции надлежни за образованието во земјава. Испитниот материјал беше доставен во училиштата изутрина пред почетокот на тестирањето  и се враќа во Државниот испитен центар по завршување на…

Read More
1 3 4 5 6 7