Четврта жртва од страотната сообраќајна несреќа кај Бедињски мост

Почина и четвртото момче Зијадин И. од селото Опае кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Куманово-Табановце на 9 јуни кога автомобилот БМВ слета од надвозникот на автопатот, а на него налета цистерна. Седумнаесет годишниот Зијадин тогаш беше тешко повреден и пресен во болницата во Скопје. Во несреќата неговите врсници и сопатници од патничкото моторно возило Ваљон М. и Егзон Ш.  од Куманово починаа на лице место, а  осумнаесет годишниот…

Read More

Прекопи на кумановските улици

Раскопани места поради работа на пат може да се забележат на повеќе улици во градот. При работа на терен за замена на цевки, електрични кабли или гасоводна мрежа честопати патот се пресекува  со цел санирање на различни проблеми. Откако ќе се санира штетата на одредена локација раскопот останува уште долго да стои без поправка и враќање во првобитна состојба.  Движењето во градот е отежнато поради огромните дупки кои претставуват опасност за возачите и пешаците. Колите…

Read More

Мерката откуп на стаж- неповолна за кумановските стечајци

Можноста за докуп на стаж  нема да го реши долгогодишниот проблем на работниците од пропаднатите фирми, велат од Здружението на стечајци, Унит од Куманово. Кумановските стечајци се обесправени, објаснуваат од Унит бидејќи треба да плаќаат 2 800 денари месечно за придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, а годините кои ги поминале работејќи не влегувааат во работниот стаж. Тие велат дека тапкаат во место и немааат средства за докуп на стаж, а од друга страна пак,…

Read More

Мигранти на велосипеди и пеш транзитираат низ Куманово

Стотина мигрантии и денеска се движеа по автопатот Скопје-Куманово и покрај тоа што вчера во полициска акција беа уапсени повеќе илегалци во липковското село Ваксинце. Пеш или со велосипед, најчесто во групи тие транзититаат низ Куманово, со намера да ја поминат границата со соседна Србија, а крајната дестинација им се земјите од Европската Унија. Камерата на ТВ Плус регистрираше поголема група на мигранти составена од жени, мажи и деца. Меѓу нив имаше и бремена жена…

Read More

Совет за етика на медиуми во Куманово

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството е темата на која претставниците од Советот за етика во медиумите утре во Куманово ќе одржат предавање.Членовите на Комисијата за жалби и на Извршната канцеларија  ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика во медиумите и соработката со слични тела во меѓународни рамки.
Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани…

Read More

Започна полагањето на државна матура

Првиот испит на државната матура, мајчин јазик и литература денес го полагаа вкупно 1251 матурант од сите средни училишта во Куманово. Македонски јазик полагаа вкупно 546 ученици додека албански јазик полагаа вкупно 705  ученици. Тестирањето започна во 10 часот. Во процесот на реализација на државната матура беа ангажирани  наставници во улога на тестатори и набљудувачи претставници од институции надлежни за образованието во земјава. Испитниот материјал беше доставен во училиштата изутрина пред почетокот на тестирањето  и…

Read More

Ракот на дојка глобална епидемија

Според податоците од Институтот за онкологија и радиотерапија на годишно ниво има околу 830 случаи на ново дијагностицирани заболени од рак на дојка. Куманово не е дел од Националната скрининг програма и покрај тоа што карциномот на дојка претставува глобална епидемија на денешницата. Кумановската болница сеуште работи со мамограф стар повеќе од 30 години кој е технички неисправен. Од здружението за борба против ракот „Борка“ информираат дека се запознаени со случајот и повеќепати апелирале до…

Read More

Куманово користи стар и неисправен апарат за мамографија

Општата болница во Куманово користи мамограф од 1986 година кој е технички неисправен. Од одделението за ренген дијагностика објаснуваат дека имаат едуциран кадар но поради неисправен мамограф не се во состојба да се вклучат во Националната скрининг-програма за рано откривање на рак на дојка која започна да се спроведува во 17 градови низ земјава. Министерството за здравство е  запознаено со случајот и им било ветено дека во иднина  Куманово ќе добие нов апарат. Според лекарите…

Read More

Доделени дипломи за ученици на генерација

Ученици на генерација од дваесет и едно основно и шест средни училишта од Куманово и Старо Нагоричане добија дипломи и се прогласени за првенци во своите училишта. На свечениот настан присуствуваа менторите и директорите на училиштата, а дипломите и книгите ги додели Здружението на просветните работници и Општина Куманово.
– Минатите четири години беа вистински предизвик за мене и не беше лесно да се постигне овој просек од 5.00. Задоволен сум од себе и се надевам…

Read More

Набавени нови душеци во „Зафир Сајто“

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ набавени се 30 нови душеци со цел подобрување на условите за престојување. Од таму информираат дека душеците ги набавиле со свои средства и објаснуваат дека наредната година ќе продолжат да ги обновуваат преостанатите душеци. Во домот се сместени  150 стари лица од целата земја кои за  услугите плаќаат околу 12 илјади денари. Домот на старите лица освен сместување им нуди храна и здравствена нега.
-Освен новите душеци ние планираме…

Read More
1 4 5 6 7