По низа победи ракометарките на Куманово утревечер со почеток во 19 часот во спортската сала на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ го пречекуваат составот на Металург во рамките на Женскиот супер куп.
Мотивирани и подготвени се ракометарките на Куманово кои во изминатите неколку кола од лигата направија одлични резултати извојувајќи неколку победи на гостински терен. Како што вели тренерот Атнонио Ивановски, по низата победи тргнуваат по уште една, иако се свесни дека имаат исклучително тежок противник.
Сите знаеме…
Локално
КК Куманово совладан од Карпош Соколи
Кошаркарите на Куманово претрпеа убедлив пораз во осмото коло од домашната супер лига откако викендов на гостински терен со резултат 100:75 беа совладани од составот на Карпош Соколи.
Слабата игра на сино-белите започна уште од самиот старт, кога домаќинот направи и убедлива предност, па веќе првите 10 минути од средбата направи двоцифрена предност со резултат 22:12. Слична игра имавме можност да видиме и во втората четвртина, кога во 16та минута домаќините направија водство и од 22 поени кои…
ЖРК Куманово со победа над ЖРК Пелистер
Женскиот ракометен клуб од Куманово одигра лесен натпревар на гостински терен против екипата на ЖРК Пелистер од Битола.
Домашните ракометарки беа торпедирани од сите страни особено во првото полувреме каде што максималното водство на гостинскиот тим изнесуваше 12 голови разлика, а веќе на полувреме се замина со резултат 7:19. Нападот и одбраната функционираа скоро без грешки. Второто полувреме кумановки го изиграа рутински и со 30% од својата сила. Натпреварот заврши со резултат 25:34.
Тимскиот дух беше на…
ЖРК Куманово со победа на ЖРК Прилеп
Женскиот ракометен тим од Куманово на гостински терен ја оствари тринаесетата победа во рамките на вториот дел од новата сезона од женската супер лига.
На дербито кумановки беа фаворити, а разликата во квалитетот беше демонстрирана уште во првото полувреме. Мрежата на ЖРК Прилеп се торпедираше од сите можни позиции. Единствено што успеа домаќинот во првото полувреме да израмни на 1:1 а потоа се покажа и разликата во квалитетот. На полувреме се замина со резултат 8:15.
Второто полувреме…
КК Куманово со сребро во БИБЛ лигата
Кошаркарите на Куманово го освија вторто место во БИБЛ лигата и сребрен пехар за клубот, откако и во вториот меч загубија од составот на бугарскиот клуб Берое. На домашен терен и покрај поддршката од домашната публика, многу подобрата игра за разлика од Стара Загора, сепак мечот заврши со резултат 73:77.
Сино-белите лошо го започнаа вчерашниот реванш натпреварот, па по само шест минути игра кошаркарите на Берое направија двоцифрена предност и резултат 6:16. Тајм аутот на тренерот…
„Сино-белите“ немоќни против МЗТ
Кошаркарите на Куманово претрпеа пораз и во 5то коло од домашната супер лига откако вчеравечер на гостински терен беа совладани од составот на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 81:76.
Уште од самиот старт на играта домаќинот имаше водство кое константно го одржуваше пред далеку послабиот ростер на Куманово, кој дополнително беше ослабнат и поради суспензијата на нивниот тренер Марјан Србиновски од страна на МКФ.
На старот по израмнетите 6:6, Јуре Лалиќ од редовите на МЗТ постигна шест…
ЖРК Куманово убелдиво против ЖРК Овче Поле
Женскиот ракометен тим од Куманово ја покажа својата доминација на гостински терен во осумнаесетото коло против тимот на Овче Поле од Свети Николе. Единствено домаќинот што успеа да направи во текот на целиот натпревар на неколку пати да го израмни резултатот и тоа беше нивниот максимум.
Во првото полувреме домашните ракометарки имаа сила да возвратат на секое водство на гостинот и не можеше да се направи некоја резултатска предност. На полувреме се замина со резултат 14:16…
Куманово без Србиновски против МЗТ
Кошаркарите на Куманово во утре ќе се натпреваруваат на гостински терен против составот на МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 18 часот, но без својот тренер Марјан Србиновски. Одлуката за суспензија Македонската кошаркарска федерација ја додели за Србиновски поради како што велат недолично однесување на дуелот против Фени Индустри одигран викендов во Кавадарци.
Во записникот на МКФ стои дека Србиновски неспортски се однесувал кон судиите, а ги навредувал и по завршување на мечот, но не стои…
КК Куманово во финалето на БИБЛ
Кошаркарите на Куманово вечеравечер на домашен терен реализираа победа со која запишаа историски успех. За прв пат ќе имаат можност да се натпреваруваат во финалето од БИБЛ лигата и да се борат за првиот балкански пехар.
Со резултат 86:80 кошаркарите на тренерот Марјан Србиновски го совладаа составот на косовскиот Пеќ и си го отворија патот во финале каде ќе треба да го надиграат бугарскиот клуб Берое.
Катастрофалниот старт на кумановци кога во првите пет минути гостите од…
ЖРК Куманово немоќен против Металург
Ракометарките на Куманово бележат пораз на вчерашниот меч во рамките на женската ракометна лига на Македонија, кој на домашен терен го играа против екипата на Металург, откако по силната борба сепак беа совладани со резултат 34:26.
Кумановки поведоа уште на самиот старт на натпреварот и добро го балансираа резултатот во текот на првата половина од средбата која заврши со резултат 11:15 во корист на гостинскиот состав.
И покрај тоа, избраничките на тренерот Антонио Ивановски се трудеа во…