Со нов тренер ЖРК Куманово започна со подготовките за вториот дел од сезоната

Ракометарките на Куманово од денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во женската ракометна супер лига кој се очекува да започне кон крајот на следниот месец.
Со позитивен дух и подготвеност за новите предизвици кои ги носи втората полусезона, ракометарките со својот старо-нов тренер Зоран Јосимовски, ќе се обидат да физички и стратегиски да се засилат и да дојдат до посакуваното второ место во лигата.
Тренерот Јосимовски се надева на успешна полусезона и пласман зад…

Read More

КК Куманово го совладаа Блокотехна

КК Куманово го совладаа Блокотехна

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен убедливо го победија составот на Блокотехна од Гевгелија во рамките на 10. коло од домашниот шампионат со резултат 92:79.
Израмнета прва четвртина каде се играше кош за кош имаше можност да види публиката во Спортската сала во Куманово, меѓутоа по истекот на првите 10 минути кумановци беа два поени во негатива со резултат 20:22.
Фуриозна втора четвртина со голема борбеност прикажаа избраниците на тренерот Александар Петрови и со серија 20:4…

Read More

ЖРК Куманово убедливо против ЖРК Овче Поле

ЖРК Куманово убедливо против ЖРК Овче Поле

Женскиот ракометен тим од Куманово ја покажа својата доминација на домашен терен во последното коло од првата полусезона против тимот на Овче Поле од Свети Николе.
Домашните ракометарки влегоа со огромна мотивација на овој дуел, а во неколку наврати и буквално си поигруваа со противникот со неколку спектакуларни голови. Силното темпо кое што го наметнаа ракометарките од Куманово уште на стартот на натпреварот се покажа како клучно во победата бидејќи гостинките од Свети Николе не успеаја…

Read More

Александар Петровиќ нов тренер на КК Куманово

Александар Петровиќ нов тренер на КК Куманово

Александар Петровиќ од денеска е новиот тренер на Кошаркарскиот клуб Куманово кој доаѓа на местото на кумановецот Игор Михајловски кој од задравствени причини викендов си поднесе оставка.
Петровиќ е од Скопје, две сезони го предводеше составот на МЗТ Скопје Аеродром, а во својата кариера како тренер беше и во составот на Карпош Соколи и Пелистер.
Информацијата ја потврдија и од Управата на клубот, кој одлуката ја донел рано утринава.
Пред новиот тренер е голем предизвик, како „сино-белите“ да…

Read More

Куманово со пораз ја стартуваше сезоната

Куманово со пораз ја стартуваше сезоната

Кошаркарите на Куманово го загубија првиот меч од новата кошаркарска сезона во домашниот шампионат, откако на домашен терен вчеравечер беа совладани од составот на Работнички со резултат 88:91.
Импресивен старт имаа кошаркарите на Игор Михајловски, кои не дозволија Работнички да направи поен во првите четири минути од натпреварот. Со 24:16 „сино-белите“ ги одбележаа првите 10 минути, а дуото Караколев и Караџовски слична игра продолжија и во втората четвртина кога константно одржуваа високо водство, кое веќе беше…

Read More

Петти Атлетскиот митинг „11 Октомври“

Петти Атлетскиот митинг „11 Октомври“

Стотина учесници беа дел од овогодинешното, петто по ред издание од Атлетскиот митинг „11 Октомври“ кој по повод Денот на востанието го организира Атлетскиот клуб Куманово.
И годинава, оваа спортска манифестација имаше меѓународен карактер кад еучество зедоа и атлетичари од Бугарија. Од 12 до 14 часот вкупно 17 дисциплини, меѓу кои тркачки, скок во далечина и височина, фрлање ѓуле и штафета.
Овој Атлетски митинг држи една убава традиција, не посетуваат повеќето клубови од Македонија, имаме и програма…

Read More

Победа за ракометарите, пораз за ракометарките

Победа за ракометарите, пораз за ракометарките

Ракометарите на Куманово вчера на гостински терен го совладаа составот на Спартак со резултат 28:29 во рамките на третото коло од првата машка ракометна лига.
Убедлив старт и одлична игра прикажаа кумановци, па на полувреме заминаа со резултат 13:16, што беше уште поголема мотивација, со солидната игра да се продолжи и во текот на вториот дел од средбата.
РК Куманово моментално има две победи во табелата од првенството, од вкупно три одиграни натпревари.
Убедлива победа со резултат 34:09…

Read More

Куманово го пречекува Работнички

Кошаркарите на Куманово утревечер со почеток во 19 часот на домашен терен ја стартуваат новата сезона во кошаркарската прва лига на Македонија. За прв противник го имаат силниот состав на Работнички.
Со квалитетен ростер предводен од тренерот Игор Михајловски Куманово нема да атакува на првото место во табелата, но ќе се обидат да го задржат врвот и да се борат за место меѓу најдобрите.
Освен стандардната основа од македонските играчи, репрезентативното дуо Караџовски и Јанески, тука е…

Read More

ЖРК Куманово со втора победа сезонава

ЖРК Куманово со втора победа сезонава

Во рамките на 2-то коло од женската ракометна супер лига викендов ракометарките на Куманово на домашен терен ја совладаа екипата на ЖРК Деспина од Прилеп со 28:20 со што ја постигнаа и втората едноподруга победа во домашното првенство
Домашните ракометарки иако настапија без својата најдобра ракометарка Александра Боризовска во текот на целиот натпревар беа подобар противник и доминираа на теренот па на крајот сосема заслужено стигнаа до својта втора првенствена победа со која што барем за…

Read More

ЖРК Куманово го пречекува составот на Деспина

ЖРК Куманово го пречекува составот на Деспина

Ракометарките на Куманово утре со почеток во 14:30 часот во Спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, го играат натреварот од второто коло на домашната женска Супер лига против составот на Деспина од Прилеп.
Тренерите и управата на клубот цврсто се убедени дека утре ЖРК Куманово ќе успее да запише нова победа.
Мислам дека екипата на Деспина од Прилеп е со послаб квалитет од првото коло против Пелистер и мислам дека нема да имаме…

Read More
1 27 28 29 30 31 37