Зоран Дамјановски е реизбран за претседател на Совет на СИПР

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски е реизбран за претседател на Советот на Североисточниот плански регион. Тој по четврти пат едногласно ја доби довербата од своите колеги од Старо Нагоричане, Липково,  Крива Паланка, Ранковце и Кратово.  Бидејќи Куманово партиципира најголем фонд на средства во буџетот на регионот,  околу 65 проценти логично е градоначалниците да дадат предност на најголемата самоуправа во државата, смета Дамјановски. Тој  додава дека иако Советот на СИПР е формиран согласно  Законот за рамномерен…

Види повеќе

Набавени нови душеци во „Зафир Сајто“

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ набавени се 30 нови душеци со цел подобрување на условите за престојување. Од таму информираат дека душеците ги набавиле со свои средства и објаснуваат дека наредната година ќе продолжат да ги обновуваат преостанатите душеци. Во домот се сместени  150 стари лица од целата земја кои за  услугите плаќаат околу 12 илјади денари. Домот на старите лица освен сместување им нуди храна и здравствена нега. -Освен новите душеци ние…

Види повеќе

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции

Пролонгиран е рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделско производство и сточарство. Заинтересираните за оваа мерка може да аплицираат до крајот на месецов. Оваа одлука ја донесе Владата за да им излезе во пресрет на земјоделците. -Рокот е продолжен до 30 –ти јуни. Воедно, сите производители на кравјо и овчо млеко за првите 4 месеци од годинава можат да поднесуваат барања за произведено и продадено млеко во млекарниците до 15-ти јуни, изјави Насер Даути,…

Види повеќе

Миниматурантите од „Кокиче“ добија дипломи

Во дворот на градинката „Кокиче“ денес се одржа забава наменета за  околу шеесетина миниматуранти кои од септември ќе заминат на  училиште. Во присуство на родителите децата се простија од градинката со пригодна манифестација, а воспитувачките  им доделија дипломи и книги. Во состав на манифестацијата се одржа и базарот кој требаше да се одвива на  градскиот плоштад но поради оправдани причини беше одложен. На базарот се продаваа кукли направени од децата и родителите, а паричните средства од…

Види повеќе

Старо Нагоричане ќе се збратими со Општина Свинита

Пријателството помеѓу Општина Старо Нагоричане и Општина Свинита од Романија резултираше со потпишување на меморандум за соработка, а ќе заврши со збратимување на двата града на почетокот на август. Имено градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски на иницијатива на македонскиот амбасадор Панде Лазаровски минатата недела беше во посета на Романија. Тој ја искористил можноста за збратимување со Свинита, а ги посетил Општините Анина и Молдова Нова. -Ова е едно ново искуство на Општина Старо…

Види повеќе

Стартуваше екстерно тестирање во училиштата

Од денес основните и средните училишта во Куманово стратуваа со екстерното тестирање кое ќе трае до 10 јуни. Тестирање се одвиваше непречено освен во некои училишта каде поради технички проблеми започна подоцна. Во следниве денови наставата ќе тече непречено, а истовремено според предвидените термини ќе се спроведува и тестирањето на учениците. За тестатори се поставени наставници кои на крај од секое  екстерно тестирање ќе треба да достават ивештај за евентуалните технички проблеми и евиденција на…

Види повеќе

Европски денови за борба против меланом

Европските денови за борба против меланом се одбележуваат со бесплатни прегледи на кожата од први до трети јуни во сите дематолошки ординации во градот. „Сите луѓе имаат пигментирани дамки на кожата кои се бенигни но сепак треба да се внимава на нив, бидејќи секоја дамка може да се промени и да стане опасна“ – потенцираат од одделот за кожно-венерични болести при општата болница во Куманово. Од таму посочуваат дека од меланом или малигнен тумор на…

Види повеќе

Осветен новиот храм во село Петралица

Црковната камбана вчера предпладне го најави свечениот чин на осветување на манастирот Света Троица, лоциран во кривопаланечкото село Петралица, поточно во месноста викана Кутлев крст. Дворот на манастирот беше мал за да ги прими  бројните верници, кои што дојдоа од сите краеви. Свеченоста по повод осветување на овој Божиј храм, кој ќе го врати духовниот живот во ова село, ја водеше поглаварот на македонската православна црква, заедно со митрополитите на кумановско-осоговската и тетовско-гостиварската епархија. -Денеска…

Види повеќе

ВМРО- ДПМНЕ со панихида за Драган Богдановски

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ вчера на гробишта во Куманово организаираше панихида за Драган Богдановски. Голем број партиски симпатизери му оддадоа почит на Богдановски пренесувајќи ја неговата порака – „Да се сочува единството на партијата и да се заштити од туѓи влијанија“. Тие истовремено се потсетија и на неговото дело како симбол на ВМРО-ДПМНЕ.  „Драган Богдановски беше и ќе остана духовен татко, човек кој можеше да биде богат и да има спокоен…

Види повеќе

Стартува Дневник на ТВ Плус

Стартува Дневник на ТВ Плус

Од утре ТВ Плус започнува со емитување на информативна програма. Во термините од 18 и 22 часот гледачите ќе можат да го проследат телевизискиот Дневник во кој ќе бидат обработени сите нови и актуелни содржини. Дневникот ќе се емитува од понеделник до сабота исполнет со  објективни, навремени и точни информации. Екипата на ТВ Плус очекува да го задржи вниманието на аудиториумот. -Како нов медиум ќе дадеме сè од себе да се наметнеме кај гледачите со…

Види повеќе
1 1,106 1,107 1,108