Изложба на носии и сувенири

Изложба на изработени делови од српска и македонска носија и сувенири денес беа изложени во просториите на ресторан Грација во рамките на завршниот дел од проектот Можност за економско зајакнување на млади во рурална средина.

Проектот е финансиран од Европската унија, а реализиран од страна на невладината организација Зур Афтикрафт од Скопје во соработка со општина Старо Нагоричане.

Овие изработки денес ќе ги види еден мал број луѓе, утре исто така бидејќи овде се слави Стара Нова година, сите приустни кои што се дел од прославата ќе ги видат, а потоа се подаруваат на Општина Старо Нагоричане каде по меморандум за соработка тие треба да направат стаклени ветрини и во дел од општината сали нивни, сали за конференции истакна и покажат, а тоа е можност понатаму сите воие кои ги посетуваа работилниците се стекнат со знаење за започнување на сопствен бизнис, бидејќи општина Старо Нагоричане предвидува да отвори три сувеницрници во 2017 година кои ќе бидат во Кокино, Зебрљак, Старо Нагоричане и веќе знаеме дека во Етно село има сувенирница – Гордана Митровска, координатор на проектот.

Во рамките на проектот биле организирани неколку активности и работилници за везење и изработка на сувенири, како и работилници за зајакнување на младите во рурална средина.

Приоритет ни беше жените да научат вез, етновез значи за да се задржи традицијата  и тоа го применивме и во дел од кошули од носии и во сувенири, тоа да биде двонаменски – изјави Елена Митровска, учесник на проектот.

Целтна на проектот е промовирање на занаетчиството како дел од стопанството и егзистенција на невработените млади и жени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)