Куманово влезе со големи амбиции во оваа сезона, во домашниот шапионат, но има скор од 4-3, по седум одиграни кола, а и во БИБЛ лигата ситуацијата е слична.
Игор Ѓорѓиевски ќе биде нов тренер на Кошаркарскиот клуб Куманово, информираат денеска од Управата на клубот.
Тој доаѓа на местото на Владимир Мирковски, кој, како што наведуваат од клубот, од морални причини по неколкуте порази си понднесе оставка.
– По подолг период имаме кумановец на тренерската позиција кој ќе им…
Локално
Членови на „Cross Cycling” завршија на првото место
Членовите на „Cross Cycling ” клубот од Куманово завршија на првото место на ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија во планински велосипедизам на клубско ниво со освоени најмногу бодови и остварено победи во сите одржани трки на кои настапија во оваа натпреавувачка сезона. За само три години тимот од Куманово предводен од својот претседател Емил Цветанов кој воедно и самиот се натпреварува заедно со своите велосипедисти, успеа да оствари голем успех во овој спорт.
Членовите…
Read MoreОтворена изложбата „ШкрабАрт“ на Гоце Божурски
Триесетина дел од ликовниот уметник и историчар на уметноста Гоце Божурски се изложени во уметничката галерија како дел од „ШкрабАрт“. По дведецениска пауза и во меѓувреме претставувања во повеќе европски метрополи и големиот број национални и меѓународни награди, Божурски со самостојна изложба во родното Куманово.
За разлика од препознатливото творештво на Божурски од изминатиот период, кое припаѓаше на специфичен ликовен израз близок на суптилен и носталгичен реалистички концепт низ рафинирана сликарска постапка, најновите остварувања од циклусот „ШкрабАрт“…
Ракометарките со убедлива победа над Овче Поле
Ракометарките на Куманово ја запишаа третата победа во шампионатот откако на домашен терен го декласираа тимот на Овче Поле со 49-18.
На овој натпревар домашниот тим доминираше во текот на сите 60 минути и беше многу подобар противник од гостинскиот состав кој во Куманово се претстави во скромно издание.
Екипата на Куманово во првото полувреме постигна дури 28 голови благодарејќи на извонредната игра во нападот на сите ракометарки.Во второто полувреме гледавме иста слика на теренот и комплетна…
Read MoreКлубот „Тумба“ организираше забава за своите спортисти
Пливачкиот и
тениски клуб „Тумба“ денеска организираше новогодишна забава за своите
спортисти, која се одржа во „The Yard lounge bar“.
Дечињата заедно со своите ментори ги сумираа постигнатите резултати во 2019-та, но и си посакаа успеси за наредната година.
Во тенискиот
клуб „Тумба“ членуваат околу 30 деца, додека пливачкиот брои 100 членови.
Според
клубот 2019 година ќе се помни по постигнатите успеси на државни натпревари во
пливање, но и во тенис.
Дека клубот навистина бележи одлични резултати, потврдува и фактот што нивните тенисери,…
Read MoreЖРК Куманово го совлада Металург и се искачи на врвот
Со резултат 38:27 ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа против екипата на Металург и се искачија на првото место во табелата, како единствен тим кој по 10 кола не бележи пораз. Избраничките на тренерот Симе Симовски го решија натпреварот уште во првото полувреме, па вториот дел од средбата беше чиста формалност во која ракометарките на Металург иако се трудеа не можеа да го достигнат големото водство на домаќинот.
-Во првото полувреме бевме значајно подобри и во…
Read MoreАикидо семинар по повод 500 години Куманово
Аикидо Клубот „Агатсу” Куманово викендов организираше аикидо семинар, по повод програмата за одбележување на ноемвриските денови, односно пет века постоење на градот. Семинарот кој се одржа во средното училиште Перо Наков, како и претходните години го водеше јапонскиот учител Тоширо Суга, а покрај претставници на општината и сојузот на спортови, присуствуваше и амбасадорката на Јапонија, Кеико Хенада. Јапонскиот учител Тоширо Суга последниве години активно соработува со кумановскиот клуб. Изрази задоволство од досегашната успешна соработка.
-Куманово има…
Read MoreВо недела ќе се одржат три атлетски трки
По повод празникот на градот, „11-ти Ноември“ и јубилејот пет века Куманово, Атлетскиот клуб Кумaново, заедно со општински Сојузот на спортови и Сојузот на училишен спорт, организираат три улични трки, кои ќе се одржат во недела во централното градско подрачје. Стартот на трките ќе биде од олимписката чешма, а истите се наменети за различни возрасти и категории. На првата трка која ќе започне во 12 часот, а е од ревијален карактер, ќе настапат околу 100…
Read MoreЖРК Куманово во финале на Купот на Македонија
Женскиот ракометен клуб Куманово обезбеди место во големото финале на ракометниот Куп на Македонија, откако синоќа го совлада тимот на Металург со 29-22 во второто полуфинале.
Ракометарките на тренерот Ненад Краљевски водеа во текот на целиот натпревар, иако Металург во првите 20 минути од играта не дозволуваше поголема разлика. По 15:10 на полувреме, вториот дел од средбата помина во целосна доминација на кумановки кои само ја зголемуваат предноста и славеа пласман во финале.
– Девојките направија голем…
Read MoreКуманово домаќин на Мали олимписки игри
Најмасовната спортска манифестација во државата, која традиционално се реализира во образовниот систем позната како мали олимписки игри оваа година ќе се одржи утре.
Организатор на овие игри е федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, под покровителство на Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт , Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општина Куманово.
Во овие игри ќе настапуваат најдобрите квалификувани спортски екипи од сите општини…
Read More