Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани 370 прекршоци на мерката за носење лична заштита на лице, соопштија од МВР.
Воедно од ова Министерството апелират до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Author: Елена Георгиевска
Затворен објект кој не го почитувал работното време
Синоќа во 21.50 часот, по претходно добиени сознанија, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објект за компјутерски игри на ул.„Владимир Назор“ во Куманово, сопственост на Р.И.(23 години) од Куманово. При контрола во објектот биле затекнати 13 лица.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Пожарникарите интервенирале на опожарен оџак
Територијалната противпожарна единица Куманово во изминатите 24 часа бележи една интервенција, на опожарен оџак во семејна куќа на улица Никшичка.
Интервенирано е со едно противпожарно возило и три пожарникари, стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи.
75 кумановци не носеле маски
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 103 лица не ја почитувалe.
Од нив од Куманово 75, во Крива Паланка 13 и во Кратово 15. За истите ќе следуваат соодветни мерки.
Без струја утре неколку локации
Низа локации во Куманово утре ќе бидат без електрична енергија во одредени периоди од денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре во период од 09 до 14 часот без струја ќе бидат: Зелен рид, Васко Карангековски, Бабин дол, Лесковачка (Трафостаници,-Ловечки дом, Махагони, гробишта, Екстра меин, Џино, Брзи Комерц, Куљар, Филанд, Причистителна станица, Доброшане, Интершпед, Кејп Таун, Оли Оникс, Нико Шус.
Нападнат келнер во игротека
Дваесет и шестгодишен кумановец вчера во полицијата пријавил дека пред два дена, во игротека во населбата „Гоце Делчев“, каде работи како келнер, додека се оддржувала роденденска забава бил физички нападнат од М.Н. организатор на роденденот и уште две лица гости на прославата, информира полицијата.
Според пријавителот, причина за нападот е затоа што ги предупредил поради непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
47 кумановци не носеле маски
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 75 лица не ја почитувалe. Од нив од Куманово 47, во Крива Паланка 19 и во Кратово 9, за истите ќе следуваат соодветни мерки.
Read MoreПродолжен рокот за користење помош од 6.000 денари
До 31 март е продолжен рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари за граѓаните. Одлуката е донесена на 38-та владина седница.
-Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, ќе можат да ја искористат оваа финансиска поддршка како една од КОВИД-19 мерките…
Полицијата растури собир во месна заедница
Во Секторот за внатрешни работи вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во барака на месната заедница во населба Железничка Станица во Куманово има група граѓани, кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.
Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица, со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Екипите на Водостопанство активни на терен
Екипите на водостопанство „Кумановско липковско поле“ веќе неколку дена интервенираат на терен во кумановско. Се работи во село Довезенце и Пчиња. Првиот човек на претпријатието информира дека состојбата со реките почнува да се стабилизира.
-Веќе неколку дена сме на терен минатата среда, работиме во село Пчиња, Довезенце во заштита на неколку куќи и штали, машините се таму, вчера бевме во Бељаковце, на патот кој води кон Куманово бидејќи тоа население да не остане со непристапен пат….
Read More