Во Занаетчискиот дом синоќа се одржа книжевна вечер со српскиот писател, публицист и книжевник Мома Стефановиќ, автор на делото „За жената што ја сакаш”. Тој е писател кој разработува теми за машко-женските односи, објавува размислувања, истражувања и афоризми, подеднакво интригирајќи ги и жените и мажите, рече промотерката Христина Алексовска.
Неговите дела се проследени со пофални зборови, а овојпат намерата беше да укаже на примарната потреба на мажот да ја освои и заштити жената која е столб…
Култура
ВИДЕО: Низа настани во Центарот за култура
Во Центарот за култура периодов ќе се одржат неколку настани. Утре со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на последниот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“. По дваесет и две години од објавувањето на „Папокот на светот“, најнаградуваниот македонски роман, и десет од последниот роман „Ќерката на математичарот“, Андоновски блесна со нов ракопис што се распродаде за помалку од еден месец. Во сабота пак во малата сала во 12 часот ќе се…
Read MoreВИДЕО: Недоволно средства за реконструкцијата на кумановскиот театар
Министерството за култура одобри само 50.000 евра за реконструкција на кумановскиот театар. Средствата се недоволни за да продолжи третата фаза, која предвидуваше замена на кровот и поставување на светлосен мост. Надлежните се надеваат на дополнителни средства, но тоа може да биде и идната година. Актерите пак се надеваат дека министерството ќе биде и „нивна мајка“ и дека ќе ги слушне нивните барања.
Read MoreИзложба на уметничка фотографија “Жените и фотографијата”
Во чест на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, Фото клуб Куманово во изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утре организира изложба на уметничка фотографија насловена Жените и фотографијата.
На овогодинешната изложба покрај познати фотографски имиња ќе се најдат и имиња на ученички од локалните училишта, кои беа дел од истоименито проект во кој имаше предавање од истакнати женски индивидуи од светот на уметноста (актерки, фотографки, сликарки), на кое му претходеше работилница за основите…
Изложба „Убавите жени на мојот народ”
По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во понеделник во Занаетчискиот дом ќе се отвори концептуална изложба на фотографии на авторот Славчо Максимовски, насловена „Убавите жени на мојот народ”. Настанот се организира со поддршка на Фондацијата за култура и спорт и Општина Куманово. Изложбата ќе се отвори во 18 часот.
Read MoreАктерите со „Секс и лаги“ гостуваат во Струмица
НУЦК „Трајко Прокопиев“-Театар Куманово ќе гостува во Народен Театар „Антон Панов“-Струмица, на 03-ти март со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска, со почеток од 20.00 часот. Оваа комедија е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и е спој помеѓу интригата и моралот,вистината и лагата во која конфликтот на интереси произнесува чувства,реакции и односи кои ги прават ситуациите комични.
Поради голема гледаност и заинтересиреаност на публиката оваа ќе биде деветта реприза…
Промоција на делата на Давидовска Баниќ
Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ организира промоција на книгите „Мајка од магла“ и „Умрев за да оживеам“ и средба со авторката Габриела Давидовска – Баниќ.
Настанот ќе се одржи утре со почеток во 18 часот, во Занаетчискиот дом.
Модератор на настанот ќе биде Христина Алексовска, а промотори се Десанка Николова, Весна Алексова. Пред присутните ќе се обрати и Емилија Златкова Анастасова.
ВИДЕО: Одобрени 30-ина проекти за Центарот за култура и Театар Куманово
Во рамки на годишната програма на Министерството за култура, кумановскиот Центар за култура и Театар Куманово добија средства за околу 30-ина проекти. Кумановци ќе можат да проследат изложби, концерти, театарски претстави. Одобрени се средства за организација на меѓународниот фестивал Денови на комедија, како и Меѓународниот фестивал на проза. Програмските средства за 2023 година изнесуваат 4 милиони и 100 илјади денари, што е значајно намалување за разлика од минатата година, кога биле одвоени 5 милиони и…
Read MoreВИДЕО: Министерството за култура годинава одобри 25 проекти за Музеј Куманово
Во националната установа Музеј Куманово годинава ќе се реализираат 25 проекти, одлучи Министерството за култура. За оваа намена одвоени се еден милион и 600 илјади денари. Најмногу средства се одвоени за музејската дејност и археолошките истражувања кои продолжуваат на веќе познатите локации, Градиште во Младо Нагоричане и Бислимска Клисура во село Пчиња.
ВИДЕО: Актерите реагираат реконструкцијата не е во програмата, надлежните уверуваат ќе продолжи третата фаза
Кумановските актери со соопштение го изразија незадоволството што Министерството за култура во годишната програма не одвои средства за третата фаза од реконструкцијата на кумановскиот театар. Прашуваат зошто по ветувањата дадени во 2020 година, запре санацијата на оваа културна установа. Директорот на установата пак уверува, средствата ќе се обезбедат преку Влада.
Read More