Членот на Тенискиот клуб „Тумба“ – Куманово, деветгодишниот Алексеј Стојановски, , освои две златни и една сребрена медала на Отворените првенств во тенис, кои во изминатите три викенда се одржаа во Скопје, во организација на Тениската федерација на Република Северна Македонија.
Младиот тенисер се закити со две први места во категорија на јуниори до 11 години и едно второ место во категорија на јуниори до 12 години.
Минатата година тој ја заврши на првото место во категорија…
Спорт
Нови победи на кошаркарите и кошаркарките
Тотална доминација покажаа машката и женската екипа на Куманово кои се натпреваруваат во првите кошкаркарски лиги откако вчера остварија победи врз своите противници.
Машката екипа на гостински терен го совлада Црн Дрим од Струга, а женската со резултат 61:47 го совлада тимот на Пантери од Скопје.
Во машката Прва лига, на стружани не им помогнаа ниту тројцата нови играчи за да ја прекинат серијата на порази. Кумановци, од друга страна, со овие два бода го потврдија својот…
По две продолженија пораз на КК Куманово
Уште еден возбудлив натпревар се одигра во Првата лига. За разлика од натпреварот во Скопје кој беше решен во регуларниот дел, во Кавадарци беа потребни две продолженија. Еуроникел можеше и полесно, но не успеа да го задржи ритамот, на крајот мораше да се намачи за да го совлада Куманово (112-111) во заостанат меч од петото коло.
Рикиќ со 30 поени и 14 скока беше најефикасен, зад него беше капитенот Петровски со 25 поени и пет скока….
Зивчевиќ најверојатно заминува од КК Куманово
Ненад Зивчевиќ е во екипата на КК Куманово од декември минатата година, но веќе се подготвува да го напушти нашиот тим, а следна негова дестинација најверојатно ќе биде Мароко. Настапувајќи за Куманово просечно постигнуваше по 7,9 поени, 2,6 скока и 1,3 асистенции по натпревар, а во БИБЛ лигата забележа десет настапи со ефект од 6,9 поени, 1,9 скока и 1 асистенција. Инаку, Зивчевиќ е еден од ретките кошаркари во македонското првенство со златни медали од европските…
Read MoreКК Работнички го совлада КК Куманово
Кошаркарите на Работнички го совладаа Куманово со 79:72 во заостанатиот натпревар од шестото коло во Суперлигата и ја остварија третата победа по ред.
Гостинскиот тим одлично го отвори натпреварот, поведе со 0:13, но како одминуваше времето така и предноста се топеше, па на крајот од првата четвритна Работнички имаше негатива од само два поени (20:22).
Сепак, кошаркарите на Куманово успеаја да го задржат водството до полувреме, по што на стартот од третиот дел, Работнички прави серија од 7:0…
КК Куманово со пораз од Хапоел Холон во БИБЛ лигата
Кошаркарите на Куманово го завршија овогодишениот настап во БИБЛ лигата со пораз откако загубија на гостувањето кај Хапоел Холон со резултат 98:96.
Натпреварот од 4 коло во групата Г, немаше поголемо резултатско значење за нашиот тим, кој од претходно немаше шанси за пласман во следната рунда.
Кумановци одиграа еден одличен натпревар во кој водеа на полувреме, водеа и по три четвртини за да во завршните десет минути малку попуштат и тоа го искористи фаворитот кој со кошот…
ЖРК Куманово со победа против ЖРК Овче Поле СУ
Екипата на Куманово продолжува со доминацијата и оствари лесна и убедлива победа против екипата над ЖРК Овче Поле со резултат од 41:23.
Куманово беше голем фаворит на овој дуел и целосно ја оправда улогата.
До крајот на првиот дел Куманово целосно доминираше и го контролираше резултатот и на полувреме имаше водство од 22:11. И во продолжението ракометарките на Краљевски ја продолжија ефикасната игра и до крајот забележаа многу убедлива победа.
Тимот на Куманово го предводеше Ангела Јанкуловска со…
Суперлига жени: Куманово убедлив во дербито против Чаир
ЖРК Куманово продолжува да брза кон титулата во женскиот ракометен шампионат, откако славеше убедливо во дербито на колото против Чаир со 36-23. Александра Боризовска со 10 гола беше прво име кај кумановки, додека по осум постигнаа Јанкуловска и Шарановиќ. Кај поразените со 10 гола беше најефикасна Марија Николовска.
Резултатите од останатите два натпревари се: „Ѓорче Петров“ – „Гевгелија 21:24 и „Кузман Вардар“ – „Шампион“ 28:35.
„Куманово 2009“ го победи „Кожув“
Од почетен минус 14, до краен плус од 15. поени, и уште еден триумф, десетти во сезоната, стигнаа кошаркарите на „Куманово 2009“ во дуелот со „Кожув“. И уште еднаш, „сино-белите“ покажаа дека се екипа која треба да игра во оној завршен дел во кој ќе се брка плеј-оф, па дури и борба за титулата.
По подолга „пауза“, на теренот се „појави“ и Ливингстон, што значеше нови, дополнителни проблеми за одбраната на Кожув.
Со овој пораз „Кожув“ ги…
ЖРК Куманово го совлада Пелистер
Ракометарките на Куманово вчера забележаа убедлива победа против тимот кој некогаш им беше најголем ривал.
Со резултат 41:19, битолчанки немаа никакви шанси во мечот со кумановки во рамките од 15то коло од Женската ракометна лига на Македонија.
Најефикасна во составот на Куманово беше Александра Боризовска со 11 гола, со 9 Ангела Јанкуловска, а со погодок помалку на листата стрелци се запиша Јована Кипријановска.
Во следното коло составот на Куманово го игра дерби натпреварот против Чаир, на гостински терен…