Демант на Вукашин Мандиќ

Кошаркарот на Куманово Вукашин Мандиќ кој по претходните превирања во клубот беше прозван во некои медиуми, одлучи да даде демант на обвинувањата упатени на негова адреса. Мандиќ  денеска одговори во однос на критиките сметајќи дека на тој начин ќе се смират страстите.

Read More

Меморијален турнир во чест на Мартин Симоновски

Локален клуб на Социјалдемократската младина на Куманово, традиционално по 4-ти пат организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на прерано згаснатиот живот на Мартин Симоновски-Матрикс.
Натпреварите ќе се одржуваат на 17 и 18-ти октомври во салата на СОУ „Перо Наков“. На овој турнир предвидено е да учествуваат 16 екипи.
Сите заинтересирани екипи своето учество треба да го пријават до утре  во партиските простории или на телефонскиот број 077 585 800.
Тие ги повикуваат сите граѓани со спортски…

Read More

Кумановските атлетичари најдобри во државата

Атлетскиот клуб Куманово оваа година ја заврши како најдобар во државата, бидејќи е убедлив победник во екипен пласман. Првото место на конечната ранг листа го потврди и натпреварувањето на Младински куп на Македонија, на кој кумановци освоија неверојатен резултат и ги оставија далеку зад себе Работнички и Лирија. Тренерот Филип Колески не го криеше своето задоволство од постигнатиот успех. Според него и малите екипи, кои работат во скромни услови, со многу труд и желба, можат…

Read More

Петрушевски реизбран за претседател на Сојуз на спортови

Сашо Петрушевски, повторно е избран за претседател на општинскиот Сојуз на спортови. На неодамнешното собрание, каде што членуваат голем број на спортски клубови од градот, тој едногласно ги доби гласовите за да остане на истата функција. Вели дека во претстојниот период најмногу внимание ќе посвети на најболната точка во овој период, односно финансирањето на клубовите, кои што бележат значителни резултати.
-Овие последни години по едно затишје во спортот покрај сите социјални измени во закон за спорт…

Read More
1 35 36 37