ВИДЕО: „Куманово план“ изработува четири значајни проекти, меѓу нив и градинка

Изградба на градинка во населбата Зелен Рид, реконструкција на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, реконструкција на улицата „Индустриска“ и изградба и реконструкција на повеќе улици во месноста Гладно поле и улицата „АВНОЈ“ се проектите што ги изработува јавното претпријатие „Куманово план“, а треба да ги реализира општина Куманово.

-„Куманово план“ е единственото јавно претпријатие кое влегува во најактуелниот повик од страна на Владата каде што средствата од унгарскиот кредит ќе бидат доделувани на општините. Општина Куманово во вториот јавен повик ќе добие 800.000.000 денари, од кои Куманово план ќе учествува со четири проекти – истакна денеска директорката Анета Шандева Доневска.