(ВИДЕО)„Кумановски костури“ – клуб за американски флег фудбал

(ВИДЕО)„Кумановски костури“ – клуб за американски флег фудбал

„Куманово костури“ е првиот и единствен клуб за американски флег фудбал или фудбал со знаменца во земјава. Она што почнало како ентузијастичка идеја меѓу пријатели, денес ги носи на меѓународни натпревари. Тренираат на позајмен терен бидејќи немаат свој. Од неодамна се дел од српската лига бидејќи нема македонска. Но, не губат надеж дека спортот овде може да стане популарен, особено меѓу младите на кои им порачуваат да ги остават компјутерите и социјалните мрежи и да…

Read More

Македонската тениска репрезентација до 12 години на SUMMER CUP 2023

Македонската тениска репрезентација до 12 години на SUMMER CUP 2023

Македонската тениска репрезентација до 12 години предводена од тренерот Далибор Димковски , а составена од младите и талентирани , Марко Алексовски Т.К Југ, Алексеј Стојановски ТК Тумба и Иван Трпковски Т.К. Чери од 26 -ти јули до 31-ви јули во Раковник, Република Чешка настапија на SUMMER CUP 2023 . Овој турнир воедно се квалификации за пласман на Завршниот турнир на 8-те најдобри европски репрезентации. Нашата селеција беше дел од групата А , каде освен ние…

Read More

ВИДЕО: Куманово остана без новото пајак возило откако полицијата го исклучила од сообраќај, тврди Петрушевски

ВИДЕО: Куманово остана без новото пајак возило откако полицијата го исклучила од сообраќај, тврди Петрушевски

Пајак службата утрово продолжи да функционира со старото возило, додека за новото возило, надлежните во јавното претпријатие „Куманово -паркинг“ ќе чекаат одговор од институциите, во спротивно, како што велат, правдина ќе бараат на суд.
Минатата седмица Куманово остана без новото пајак возило откако полицијата го исклучила од сообраќај, за што во саботата информираше директорот Сашо Петрушевски.
На прес -конференцијата, Петрушевски потенцираше дека јавното претпријатие е под постојан притисок, а токму еден од примерите е стопирањето на новото…

Read More

Кошаркарите со пораз од Еуро Никел, кошаркарките триумфираа над Шкупи

Кошаркарите со пораз од Еуро Никел, кошаркарките триумфираа над Шкупи

Кошаркарите на Куманово на домашен терен претпреа пораз од екипата на Еуро Никел, со резултат 63:72.Гостите рано се стекнаа со висока предност, но им дозволија на домашните кошаркари да стигнат негатива од 15.поени. Но не и да победат. Кавадарчани имаа одличен финиш во кој ја вратија предноста и ги земаа двата бода од ова гостување.
Во домашниот тим, Елијах Џојнер даде 19.поени, Јанески пак беше блиску до двоен скор, 12 поени и 9 скока.
Кошаркарките на Куманово…

Read More

Нови засилувања во МРК Куманово

Нови засилувања во МРК Куманово

Владан Кастратовиќ и Зоран Ѓурковиќ се двете интернационални засилувања во составот на машкиот Ракометен клуб Куманово. Дваесет и петгодишниот Кастратовиќ висок 185 сантиметри и со потекло од Андријевица, Црна Гора. Во Куманово доаѓа од екипата на Охрид. Претходно Кастратовиќ има настапувано за екипите на Комови, Иванград, Струга и Охрид. Зоран Ѓурковиќ пак е 37-годишен искусен српски ракометар висок 197 сантиметри. Тој потекнува од Велика Плана и има настапувано за екипите на Морава од Велика Плана,…

Read More

Кошаркарите утре против екипата на ТФТ

Кошаркарите утре против екипата на ТФТ

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на ТФТ во последниот натревар за оваа календарска година. За кошаркарите на Владимир Мирковски ова ќе биде 11-ти натпревар оваа сезона, во која со помош на старо – новиот играч Стеван Глигоријевиќ кој се врати во ростерот, ќе се обидат да дојдат до третата победа. Кумановци се наоѓаат кон дното на табелата, по низата неславни порази сезонава, додека ТФТ е на четвртата позиција со шест…

Read More

(ВИДЕО)Кумановецот Тони Милошевски го „освои“ Арарат

(ВИДЕО)Кумановецот Тони Милошевски го „освои“ Арарат

Членовите на кумановското планинарско друштво „Козјак 2013“,Тони Милошевски и Сибел Јакуповиќ од Скопје, успешно се искачија на највисокиот врв во Турција. Арарат е со надморска височина од 5.137 метри. Авантурите на лиценцираниот водич Милошевски продолжуваат, но, засега не открива кој е следниот високогорски врв планиран за искачување.
 

Read More

Велосипедиската Анита Величковска освои прво место на меѓународен велосипедски маратон

Велосипедиската Анита Величковска освои прво место на меѓународен велосипедски маратон

Младата велосипедистка Анита Величковска од Куманово освои прво место во женска категорија на меѓународен велосипедски маратон, кој се одржа викендов во Република Србија.

Имено по деветти пат во Србија се одржа велосипедски маратон „Три стране Копаоника“. На маратонот стартуваа над 400 велосипедисти. Станува збор за познат спортски настан, со долга традиција, каде се собираат љубителите на планински велосипедизмот и планинско трчањето.

На патеката „Јела“ долга 33,5 километри, настапи нашата Анита Величковска, која го освои првото место во…

Read More

(ВИДЕО) 12 нови случаи на Ковид-19 во Куманово

12 нови случаи на ковид 19  во Куманово, 312 на  ниво на државата регистрира министерството за здравство изминатото деноноќие. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77г).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1).
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.833, а во Куманово 71 лице ковид позитивно.
Инаку, во периодот од 07 до…

Read More

Кошаркарите поразени од МЗТ, на домашен терен

Кошаркарите поразени од МЗТ, на домашен терен

Кошаркарите забележаа нов пораз, овој пат на домашен терен, против екипата на МЗТ Скопје, во домашната Прва лига. Во дуел со бројни пресврти, на крај како победник излезе гостинската екипа, со резултат 70:65.
Најдобар кај МЗТ беше Хуан Дејвис со 17 поени, пред Бојан Крстевски со 15 поени, двоцифрени беа уште Робев (11) и Рикиќ (10). Кај Куманово, Абром финишира со 18, пред Зивчевиќ со 16 поени.

Read More
1 2 3 17