Со идејата „Цена на дланка“, гимназијалките Милица Момевска, Ева Томиќ и Софија Илиевска се пласираа меѓу 120-те најдобри проекти во Македонија на натпреварот „Средношколец милионер“. Целта на дигиталната платформа е да им овозможи на граѓаните брзо и едноставно да ги споредуваат цените на производите во различни маркети.
Гласањето е во тек. За да се реализира оваа идеја треба да добие поддршка од пошироката јавност. Главната награда изнесува 1.000.000 денари.