Расте бројот на заболени пациенти со респираторни инфекции, предупредуваат лекарите. Зголемена телесна температура, кашлица, болки во грлото и мускулите се најчестите симптоми заради кои граѓаните бараат лекарска помош.
Во тек е и вакцинацијата против сезонски грип. Во Куманово и соседните општини на располагање има 1.600 дози вакцини.
– Најчесто луѓето кои имаат кардиолошки проблеми, хронични опструктивни болести, астма, бронхијална астма и алергиски ринитис, кои секоја година се активни во овој период. Кај помладите се јавуваат болки во мускулите и зглобовите, зголемена телесна температура, болки во грлото, затнат нос или течење на носот. Има и пациенти со бронхијална астма кои имаат отежнато дишење и чувство на гушење, изјави д-р Никола Стефановски од Ургентниот центар при Општа болница Куманово.