Виктор Радевски од Куманово освои сребрен медал на еден од најголемите гастрономски натпревари на Балканот „Бисер мора“ кој се одржа во Брач, Хрватска.
Радевски го претставуваше Етно Ресторан „Етно село-Тимчевски“ а учествуваше под менторство на Асан Даутовиќ и македонската асоцијација „Гастромак“ предводена од Адријана Алачки.
Тој медалот го освои во категоријата подготовка на тартар бифтек послужување и декантирање на црвено македонско вино со користење на македонски традиционални земјени садови за готвење.
Во неговиот тим, беа и Влатко Алексовски…
Локално
Почина Мирољуб Лалевски – Нини, поранешен кошаркар и судија
НА 85 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЧИНА МИРОЉУБ ЛАЛЕВСКИ – НИНИ ЕДЕН ОД НАЈМАРКАНТНИТЕ КОШАРКАРСКИ ЛИЧНОСТИ НА КУМАНОВО, МАКЕДОНИЈА И ЈУГОСЛАВИЈА.
НЕГОВИОТ КОШАРКАРСКИ ПАТ ЗАПОЧНАЛ НА 13 Г КОГА НЕГОВИОТ ТОГАШЕН ПРОФЕСОР ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ВОИСЛАВ ДАЈЛЕВИЌ ГО ПРИМЕТИЛ НА ЧАСОТ ВО УЧИЛИШТЕТО КРСТЕ МИСИРКОВ.
ОД ТОЈ МОМЕНТ ПА ПОНАТАМУ КОШАРКАТА БЕШЕ ГЛАВНА ВОДИЛКА ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ.
БЕШЕ РЕДОВЕН УЧЕСНИК НА НЕЗАБОРАВНИТЕ ЗИМСКИ КОШАРКАРСКИ ТУРНИРИ ВО СОКОЛАНА КАДЕ СО ГЕНЕРАЦИЈАТА НА ДРУГАРИТЕ МИЦЕ, ЛАСТАВИЦА, ЏОНИ, МИТЕ ШУГА ГИ ПОСТАВУВАА ТЕМЕЛИТЕ…
Нова седница на Советот на Општина Куманово
Советот на општина Куманово на 06 март 2024 година (среда) ќе одржи редовна седница на која ќе се расправа за 16 точки, доколку нема измени и дополнувања на дневниот ред. Пред советниците ќе се најдат финансиските извештаи на јавните претпријатија, годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2023 година, но и информацијата за преземени мерки и активности од страна на Полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на 2023 година.
Седницата можете да ја…
ВИДЕО: Борците ќе го одбележат формирањето на 3-та МУБ
Сојузот на борци Куманово во вторник, на 27-ми февруари во село Жегљане ќе го одбележи датумот на формирање на Третата македонска ударна бригада. По тој повод тие ги повикаа заинтересираните граѓани да се приклучат во одбележувањето.
Повеќе од изјавата на Зора Ивановска
Нино Величковски додели благодарница за ТВ Плус
Ми претставува големо задоволство и чест во име на ТВ Плус да примам Благодарница по повод 40 години на естрадата од нашиот легендарен пеач Нино Величковски. Нека ти е на здравје и да траеш долговечно како виното. Уште многу години, со Нино, песна, љубов и вино…
Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Куманово
Куманово доби специјално транспортно возило наменето за лицата со посебни потреби како поддршка од Дрекслмајер. Целта е на оваа категорија граѓани да им се овозможи поголема инклузивност и подобра социјализација во рамки на општественото живеење. Возилото е специјално прилагодено, такашто во него е поставена автоматска рампа за инвалидска количка, а располага и со соодветно определен простор за транспорт на опремата за потребите на лицата со инвалидитет.
„Драго ни е што како компанија имаме можност да дадеме…
ВИДЕО: Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ гостува во емисијата „Став“
Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ гостува во емисијата „Став“. Тој ќе зборува за неговиот втор мандат при што потврди дека, за време на неговиот мандат ќе настојува да даде уште поголем придонес во зајакнувањето на соработката меѓу нашите две држави, ставајќи посебен акцент на економската соработка, како и воведувањето на директна авионска линија помеѓу Скопје и Сараево, што сериозно влијае врз интензивирањето и зголемувањето на севкупната економска соработка меѓу двете страни.
Гледајте „СТАВ“…
Измамен кумановец за огревно дрво
СВР Куманово информира дека денеска во 13.00 часот, 58- годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6 000 денари. Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле, се упатиле на местото каде наводно биле складирани. Како што е пријавено, откако пристигнале лицето му кажало дека ќе оди да ги донесе дрвата, но дошло кај неговата сопруга и ѝ кажало дека нејзиниот сопруг рекол да му…
Read MoreВИДЕО: Граѓански форум Куманово во хуманитарна мисија
Членовите на „Граѓански форум Куманово“ во соработка со невладината организација „Меридијани“ деновиве посетија многудетно семејство од Куманово каде донираа хуманитарен пакет. Станува збор за семејството Алексиќ кое што има седум деца на возраст од еден месец до 18 години. Граѓански форум Куманово ќе продолжи по патот на хуманоста, велат активистите.
Read MoreВИДЕО: Исчезнуваат обичаите за Василица во кумановско
Православните верници го очекуваат почетокот на новата година по Јулијанскиот календар, но и претстојниот празник Свети Василиј Велики. Со Василица се поврзуваат повеќе обичаи кои се практикувале во минатото во Куманово, но, денеска најголем дел од нив се исчезнати. Единствено етнолозите преку документирање со фотографии и видеозаписи и преку презентирање на јавноста се обидуваат да ги зачуваат од заборав. Еден од обичаите кој останал да се практикува и во денешно време е подготовка на качамак…
Read More