Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција говореше за состојбата со корона вирусот во Македонија. Од наредниот месец ќе биде потребна потврда за целосно вакцинирани граѓани, нешто што важеше само за граѓани кои примиле една доза на вакцина.
„Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодигајностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување…
Македонија
15 денари за пластичните кеси од декември
Пластичните кеси, од 1 декември оваа година, во маркетите ќе се наплаќаат по 15 денари. На седница на Собранието се усвоени законите за управување со отпад, отпад од пакување, дополнителни текови на отпад и за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.
Според новите закони, покрај другите промени, од 1 декември година пластичните ќеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на…
Можни се рестрикции за невакцинираните граѓани
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека се размислува за евентуално воведување рестрикции од наесен за невакцинираните граѓани.
„Нашите анализи покажуваат дека здравствениот персонал е вакциниран во висок процент. И ги чекаме анализите од опфатот на вакинација во градинките и училиштата. Свесни дека можеби и покрај тоа се што правиме нема да се зголеми интересот, затоа размисуваме за некаква форма на рестрикција. Не може да биде вакцинација задолжителна, за жал. Никаде во…
Министерот Спасовски се сретна со претставници од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, имаше работен состанок со претставници од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ). На средбата присуствуваа и претставници од организациски единици во рамки на Министерството за внатрешни работи, надлежни и активни во спроведување на проектите на ДКАФ.
Согласно предвидените теми за разговор, програмскиот менаџер во ДКАФ, Марк Ремилард на состанокот го презентираше извештајот за активностите спроведени во рамки на изминатиот тригодишен период, во однос на реформите во разузнавачкиот и…
Започнува пријавувањето за вакцинирање на децата
Од денеска до четврток, ќе биде отворен сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата.
Секој родител или стрател кој сака да се векцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добијат термин за вакцинација. Вакцинирањето ќе почне во петок.
Закажување на термин за вакцинација на децата е поради планирање на потребните количини вакцини Фајзер.
Пристигна донација од 100.000 вакцини на „Астра Зенека“ од Грција
Во државата денеска пристигна донација од 100.000 вакцини на производителот „Астра Зенека“ од Грција.
Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на „Фејсбук“.
Вакцините веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно стратегијата…
Фајзер вакцини за деца од 12 до 16 години
Поради детектирањето на Делта сојот на корона вирусот кај пациенти во нашата држава, можно е да се воведат мерки на границите при влез во Македонија, најави министерот за здравство.
-Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени” – изјави…
Три лица од Кратово не носеле заштитни маски
Во изминатото деноноќие нема казнети кумановци за не носење заштитни маски.
Имено, полицијата информира дека по однос на уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 3 лица не ја почитувалe, меѓутоа сите тројца се на подрачјето на Кратово.
За истите ќе следуваат соодветни мерки.
Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот
Од утре се укинува роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа ќе се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.
Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена и за над 80 проценти, а од утре стартува втората фаза и целосно укинување на роамингот.
Почнувајќи од…
Влада: Бесплатен ПЦР за туристи
Владата на седница го усвои Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи странски државјани со регулиран престој во земјата, кој е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19.
Со мерката, како што соопштија владините служби, се предвидуваат бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата каде се враќаат.