Кошаркарите утре против екипата на ТФТ

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на ТФТ во последниот натревар за оваа календарска година. За кошаркарите на Владимир Мирковски ова ќе биде 11-ти натпревар оваа сезона, во која со помош на старо – новиот играч Стеван Глигоријевиќ кој се врати во ростерот, ќе се обидат да дојдат до третата победа. Кумановци се наоѓаат кон дното на табелата, по низата неславни порази сезонава, додека ТФТ е на четвртата позиција со шест победи од досегашните десет натпревари. Мечот се игра утре во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 18 часот.

Коментари

коментар(и)