Советот на општина Куманово утре одржи редовната седница, со предложени 14 точки на дневниот ред.
1. Акциски план за зелена инфраструктура на Општина Куманово 2027 – 2031 година;
2. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2026 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
3. Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2026 година;
4. Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2026 година;
5. Предлог – Измена на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2026 година;
6. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2026 година;
7. Предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2026 година;
8. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2026 година;
9. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2026 година;
10. Предлог – Програма за измена на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година;
11. Предлог – Програма за изменување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2026 година;
12. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2026 година;
13. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие „Пазаришта‘‘ -Куманово;
14. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус Куманово.