ВИДЕО: Гимназија во проект на Еразмус+, „Развој на EcoSTEAM”

Гимназијата „Гоце Делчев“ е домаќин на координатори и професори од високи образовни институции од Литванија, Турција и Кипар, во рамки на проектот Партнерства за соработка во училишното образование од Еразмус+. На овој прв партнерски состав е поставена интелектуалната рамка, методологија и главните принципи на работата во наредниот период. Проектот има долгорочно поставени цели, со акцент на подигање на еколошката свест кај младата популација, односно негување и унапредување на млади таленти кои со своите практични трудови и иновативност придонесуваат во изнаоѓање на решенија во врска со климатските промени кои го засегаат нашето општество. Приоритети на проектот се зголемување на интересот на младите за активностите на SТЕАМ, да се подобри квалитетот на образованието во институциите и да се зајакне интернационалната соработка во рамки на различни институции од повеќе земји. Проектот училиштата од четирите држави ќе го реализираат 28 месеци.

– Овие денови сме домаќини на колеги од Литванија, Турција и Кипар, во рамки на нашиот нов проект развој на еко стим. Овие денови работевме на оформување на програмата, концептот, подготовка за водичот кој што треба да го сработиме во текот на следниот период додека трае проектот-истакна  Јасмина Денковска, професорка по информатика во гимназијата „Гоце Делчев“.

-Ќе има четири средби во секоја од четирите земји партнери во проектот, и целта ќе биде да се изготват три интелектуални производи во овој проект. Овие производи ќе имаат за цел да бидат применливи пред се во училиштата во овие држави и пошироко, но и да им помогнат на наставниците да ги мотивираат учениците повеќе за оваа содржина.  Откако овие производи ќе бидат изготвени ќе се спроведе тестирање во Македонија и Литванија и ќе бидат изготвени разновидни активности за учениците и ќе ги согледаме подоцна резултатите од ова тестирање-истакна Гиедре Шидлаускиене, координаторка на проект од Литванија.

-Целта на учеството на нашата невладина организација е да донесе еден вид на поголема стручност во анализата на овие процеси. Имаме вработено повеќе од 65 специјалисти од различни области, и веќе повеќе од дваесет години сме вклучени во реализацијата на овие европски и меѓународни проекти. Ваков вид проекти ќе дадат многу богати плодови во смисла  на тоа дека се кобинира емпириското искуство на професорите во самите училишта со стручноста која што ја поседуваме ние како центар но и универизитетот од Истанбул-истакна Константинос Монос, од невладина организација Центар за развој и унапредување на образованието од Кипар.

Од гимназијата Гоце Делчев на проектот работат професорите Јасмина Денковска, Елена Марковска, Филип Младеновиќ и Валентина Каранфиловиќ.

Коментари

коментар(и)