Активности на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби”

Во општина Куманово денеска претставници на локалнтаа самоуправа секретарот на Општината, претседателката на Советот, раководителот на Сектор за образование и претставник од Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР),  одржаа работен состанок со претставници на Детската фондација „Песталоци” и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците” од Скопје. Проектот ги опфаќа учениците со попреченост, оние кои се надвор од образовниот процес и учениците со надмината возраст. Било дискутирано за спроведување на процесот на инклузија за претстојните обуки на наставници и асистивна технологија, како и за теренски активности, кои ќе бидат преземени во општинските основни училишта „Христијан Карпош” и „Наим Фрашери”.

Коментари

коментар(и)