ВИДЕО: Вонредни контроли кај правни субјекти кои произведуваат бои, откако водата во пречистителната добила црвена боја

Водата во кумановската пречистителна станица доби црвена боја. Одговорните лица од јавното претпријатие „Водовод“ веднаш го известиле државниот и општинскиот инспекторат за животна средина. Земени се мостри. По направената анализа утврдено е дека во станицата влегла отпадна вода со непознат карактер. Констатирано е дека нема остапувања, концентрациите се во нормала, иако водата е обоена.

Државниот инспекторат за животна средина по извршениот надзор даде упатства да се поверат главните фекални шахти. Овластениот инспекторат да изврши вонредни надзори  и кај правните субјекти, кои произведуваат бои и други инсталации, кои можат да предизвикаат обојување на отпадните води.

Коментари

коментар(и)