ВИДЕО: Заврши првото пријавување за упис во средно училиште, почна второто

Заврши првото пријавување за упис на идните средношколци. Објавени се прелеминарните ранг лист, а во тек е второто пријавување кое се одвива електронски.  Според податоците на Секторот за образование досега во гиманазијата Гоце Делчев се запишале 161 ученик, во Сами Фрашери 116 на албански јазик. Во Перо Наков засега се запишани 206 ученици, а во Наце Буѓони  322 ученици. Од државното Киро Бурназ пак информираат дека кај нив до овој момент има запишано 135 ученици на македонски и 55 на албански јазик. Согласно актуелните податоци интересот е најголем за технички струки.

Паралелно тече и уписот на првачињата во основните училиште. До мај кога е предвидениот рок во 16-те основни училишта се запишале 1.047 ученици. Што е солидна бројка со оглед дека лани биле вкупно 1.075. Од секторот очекуваат бројката на првооделенци да се зголемува до септември. Но проблем велат има со руралните средини каде засега има запишано и по еден ученик.

ПОВЕЌЕ ВО ВИДЕОТО ПО 18 ЧАСОТ!

Коментари

коментар(и)